• понеделник, 23 декември 2024

Министерката Царовска во посета на Прилеп и Битола во рамки на процесот „Учи паметно, работи стручно“

Министерката Царовска во посета на Прилеп и Битола во рамки на процесот „Учи паметно, работи стручно“
Скопје, 18 февруари 2021 (МИА) - Министерката за образование и наука Мила Царовска денеска ќе учествува на консултативни состаноци со претставници од компаниите, локалните самоуправи и средните стручни училишта во Прилеп и Битола. Како што соопшти Министерството за образование и наука, состаноците се дел од процесот „Учи паметно, работи стручно“ чија основна цел е да се идентификува потребата од отворање на одредени профили и паралеки, во средните стручни училишта во градовите низ државата од идната година. - Со унапредување на стручното образование ќе може да се одговори на потребите на реалниот сектор со соодветен стручен кадар, но и да се овозможи поголема вработливост на младите, се додава во соопштението. По средбите предвидени се изјави за медиумите. сп/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан