• четврток, 21 ноември 2024

Минималните трошоци за основни потреби на едно семејство во јули 60.570 денари

Минималните трошоци за основни потреби на едно семејство во јули 60.570 денари

Скопје, 22 јули 2024 (МИА) - Минималните трошоци на едно семејство во јули изнесувале 60.570 денари и во споредба со јуни трошоците се зголемени за 245 денари, објави денеска Сојузот на синдикати на Македонија.

Според новата методологија на пресметување на синдикалната кошничка, со изнајмен стан од 60 кавдарати трошоците се зголемуваат на 75.945 денари. 

Вообичаено, најмногу пари се потребни за храна за што во јули за основните потреби биле потребни 22.008 денари, додека за режиски трошоци биле потребни 6.014 денари. бак/дма/

Фото: МИА архива

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан