• петок, 22 ноември 2024

Милчо Мисоски го освои гран-прито на Меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри“

Милчо Мисоски го освои гран-прито на Меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри“
Гостивар, 21 мај 2022 (МИА) - Милчо Мисоски поет и лекар од Струга ја освои највисоката награда на деветтото издание на меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри“. Таа му беше врачена на свеченото доделување на наградите во НУЦК АСНОМ кое беше проследено со обраќања и настапи на дванаесетте автори финалисти. Според жири комисијата на овогодишното издание, во состав: претседател Наташа Сарџоска и членовите Раде Силјан и Бранко Цветковски, за најдобар странски автор е прогласена Наташа Николов од Србија. Првата награда ѝ припадна на Катарина Трендова-Петрова од Кочани, а втората на Софија Петковска од Скопје. Третата награда ја делеа поетесите Ведрана Петрова од Скопје и Десанка Николова од Велес. За најуспешна „млада искра“ е прогласен петнаесетгодишниот Димитриј Давитков од Пробиштип. Годинава на конкурсот се пријавија 161 автор во двете возрасни категории. Освен од Македонија конкурираа и поети од Словенија, Бугарија, Албанија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина. На наградените поети, организаторите на фестивалот, традиционално им доделија плакети, а на останатите финалисти и застапени автори во заедничката поетска збирка им беа врачени дипломи. Во склоп на манифестацијата се промовира најновата заедничка поетска „Литературни искри“ 2022. Поетскиот фестивал „Литературни искри“ се одржува во чест на 24-ти мај, денот на првите македонски просветители Светите браќа Кирил и Методиј, а реализацијата на овогодишното издание беше поддржано од Министерство за култура и Општина Гостивар. згм/цр

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан