• вторник, 02 јули 2024

Милер: Пике отсекогаш беше голем спортист

Милер: Пике отсекогаш беше голем спортист
Минхен, 5 ноември 2022 (МИА) - Играчот од средниот ред на Баерн, Томас Милер ја коментираше одлуката на дефанзивецот на Барселона, Жерар Пике да се пензионира. - Отсекогаш сте биле силен противник и голем спортист. Шампион и легенда на нашиот спорт. Ти благодарам Џерард, напиша Милер на социјалните мрежи. Пике вчера објави дека овој месец ќе ја напушти Барселона и ќе стави крај на професионалната кариера. зс/

Остани поврзан