• сабота, 23 ноември 2024

Милевски: Го подобруваме квалитетот на животот на лицата со посебни потреби преку социјализирање и инклузија во Југоисточниот регион

Милевски: Го подобруваме квалитетот на животот на лицата со посебни потреби преку социјализирање и инклузија во Југоисточниот регион
Скопје, 8 мај 2021 (МИА) - Четири дневни центри за поголема социјална инклузија на лицата со посебни потреби се опремени со иновативни реквизити и реквизити за достапност, како и професионална ориентација и рехабилитација во рамки на проектот „Создавање на подобри услови за лицата со посебни потреби во Југоисточниот плански регион“ поддржани од Швајцарската агенција за развој и соработка, нагласи министерот за локална самоуправа Горан Милевски за време на посетата во Радовиш. На лицата со тешки пречки во телесниот развој им се обезбедува дневно згрижување, рехабилитација, психомоторна реедукација, индивидуална дефектолошка помош и поддршка, работно-производна активност, работна терапија и други активности и тоа преку Центарот за развој на Југоисточен плански регион заедно со Меѓуопштински Центар за социјална работа – Оддел Дневен Центар за лица со телесна или ментална попреченост во Струмица, ЈУ Меѓуопштински Центар за социјална работа – Оддел Дневен Центар за лица со телесна или ментална попреченост во Гевгелија, Дневен центар за лица со посебни потреби во Валандово, Дневен центар за лица со посебни потреби во Радовиш, преку Швајцарската агенција за развој и соработка. Според Милевски, со набавка на предвидената софистицирана иновативна опрема избрана согласно потребите на корисниците, нивниот развој, возраст и попреченост, ќе се  овозможи професионално насочување за оспособување на лицата со посебни потреби и нивно идно вклучување во пазарот на трудот, за психомоторен развој и достапност до нивна посакувана локација. - Во рамките на проектот направени се и обуки за работна окупација на вработените и корисниците во Дневните Центри за лицата со попреченост со цел правилно користење на набавената опрема која ќе им служи на лицата со попреченост како и еднодневни обуки за учење на правилата за параолимписката спортска дисциплина „Бочија“ согласно набавените реквизити во Дневните Центри, дополни Милевски. Во рамки на буџетот од 2.360.256 денари набавени се три сета Сито печат со потребни репро материјали, три  грнчарски вртникови колца,  два разбоја, 54 силиконски модли четири компјутери, три принтери, две интерактивни табли како и три  сетови репро материјали за изработка на магнетни украси и глинени украси. Набавена е и опрема и реквизити за психомоторен развој и вршење на останати едукативно-културни активности: два кошa, четрири кошаркарски топки,  една ролер слајд лизгалка, една лулашка, еден сунѓераст тунел, еден базен со топки, една алпинистичка карпа, три трицикли, еден активити панел, 16 подни подлоги, една трака за трчање, 10 столчиња, две маси како и три лифткари. Одржани 12 обуки за четворица вработени, четири волонтери и 17 корисници од Дневен Центар Гевгелија, четворица вработени и 11 корисници од Дневен Центар Струмица, еден вработен, еден волонтер и 15 корисници од Дневен Центар Радовиш, тројца вработени и 10 корисници од Дневен Центар Валандово со цел збогатување на секојдневните активности и благосостојбата на лица со посебни потреби со воведување на рекреативни, културни и професионално ориентирани реквизити  и опрема и опрема за достапност. Главната цел на овој проект е социјализирање и инклузија на околу 53 лица со посебни потреби како и подобрување на квалитетот на нивниот живот и здравствената состојба. Во посета на Дневен центар за лица со посебни потреби Порака во Радовиш директорката изрази задоволство за спроведување на проектот и очекува дека лицата со посебни потреби ќе бидат вклучени еднакво во општеството. - Проектите од ваков вид се од посебно значење за нашата локална заедница и лицата со посебни потреби затоа што овозможуваат нивна инклузивност во работната и социјалната средина. Очекувам реквизитите кои се набавени да го збогатат амбиентот на нашиот дневен центар, да ги подобрат условите и да им помогнат на штитениците да стекнат нови професионални компетенции, додаде градоначалникот на општина Радовиш, Герасим Конзулов. За Данче Поп-Иванова Илиева од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион придобивките од проектот се многубројни. Од една страна, појасни, ќе се овозможи вклучување на лицата со различни попречености во општествениот и социјалниот живот во Југоисточниот регион и зголемување на нивната самодоверба преку стекнување на нови знаења и вештини, а од друга страна овозможува подобрување на квалитетот на живот, ја зголемува нивната самодоверба, здравствената состојба, како и подобрување на секојдневниот престој во Дневните Центри. цр/ев/  

Остани поврзан