• вторник, 13 јануари 2026

Милан избегна пораз од Фиорентина благодарение на гол во доцниот период

Милан избегна пораз од Фиорентина благодарение на гол во доцниот период

Фиренца, 11 јануари 2026 (МИА) – Милан попладнево ремизираше 1:1 на гостувањето кај Фиорентина во 20. коло од Серија А.

Дефанзивецот на Милан, Пјетро Комуцо, го отвори резултатот во 66. минута, а напаѓачот на гостите, Кристофер Нкунку, го постигна израмнувачкиот гол во 90. минута.

Милан е втор на табелата во италијанското првенство со 40 бода, додека Фиорентина е 18. со 14 бода.

Вечер се игра дербито меѓу водечкиот Интер и актуелниот шампион Наполи. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан