• понеделник, 23 декември 2024

Мизрахи: Истиот текст во Предлог-законот за здруженија и фондации ископиран во предлог-измените на Законот за политички партии

Мизрахи: Истиот текст во Предлог-законот за здруженија и фондации ископиран во предлог-измените на Законот за политички партии
Скопје, 17 октомври 2022 (МИА) - Пратеничката од опозициската ВМРО-ДПМНЕ Рашела Мизрахи смета дека во предлог-измените и дополнувањата на Законот за политички партии што ги најавува СДСМ е ископиран истиот текст од предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за изменување и дополнување на Законот за здруженија и фондации, а со кој треба да се спречи контроверзни имиња да бидат имиња на здруженија на граѓани. - СДСМ се огласи на прес-конференција кажувајќи дека ќе има предлог-измени и дополнувања на Законот за политички партии во кој е апсолутно ископиран текстот којшто беше даден во Предлог-законот за здруженија и фондации и апсолутно истиот текст е ставен во ова предлог-законско решение, изјави денеска Мизрахи во Собранието, која до Собранието достави измени на Законот за здруженија и фондации уследи по отворањето бугарски клубови со имињата „Ванчо Михајлов“ на 16 април во Битола и „Цар Борис Трети“ на 7 октомври во Охрид. Пратеничката Мизрахи меѓу другото рече дека се уште не се сигурни дали СДСМ ќе го поддржи предлог законот за здруженија и фондации на ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека искрено очекувала ова законско решение да помине денеска во Собранието. - Се слуша дека Предлог-законот за здруженија и фондации којшто беше доставен минатиот петок во 16:30 часот ќе биде прифатен од СДСМ, односно од пратениците на мнозинството. Сепак, останува како декларативна изјава за којашто не сме сигурни дали тоа така ќе се издејствува на самиот крај. Пленарната седница закажана на која беше и оваа точка, доцни и се уште не е ни отворена, така што не може да гарантираме што ќе се случи денес иако искрено лично се надевав дека ова законско решение ќе помине во Собранието, рече Мизрахи која одговарајќи на новинарско прашање рече дека не би можела да каже дали до крајот на денот ќе се одржи пленарната седница. Претходно, координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митрески и пратеничката Соња Мираковска до Собранието предложија измени и дополнувања на Законот за политичките партии, по скратена постапка. Целта на предлогот е да се зголеми транспарентноста и дистанцирање од фашизмот, нацизмот и национал-социјализмот. - Со предлог-законот ќе се овозможи поголема транспарентност, како на постоечките така и на идните политички партии, гарантирање на правната сигурност на граѓаните својствени за една демократска, современа и цивилизирана правна држава, се наведува во предложениот текст. мс/лв/

Остани поврзан