• недела, 08 септември 2024
МИА Флеш

   6 септември 2024

 

Скопје - Претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски и судијата Татјана Васиќ-Бозаџиева имаа работна средба со амбасадорката на Сојузна Република Германија во земјава, Петра Дрекслер. 

На средбата, како што соопштија од Уставниот суд, е изразено заемно задоволство од досегашната соработка со германската амбасада, преку проектите со кои се промовира унапредување на слободите и правата на граѓаните и зајакнување на владеењето на правото.

Скопје - Со девет гласови „за“, двајца „против“ и ниту еден воздржан, собраниската Законодавно правната комисија констатира дека Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри во прво читање поднесен од пратениците на „Европски фронт“ не е прифатлив и не треба да се даде на натамошно читање.

Претседателот на Законодавно правната комисија Александар Велјановски соопшти дека вчера матичното работно тело Комисијата за финансирање и буџет констатирала дека овој Закон не е прифатлив и не треба да се даде на натамошно читање.

Атина – СИРИЗА недвосмислено ги осудува сериозните прекршувања на Договорот од Преспа од турскиот МНР Хакан Фидан за време на неговата посета на Република Северна Македонија и ја повикува Владата да престане да ги потценува турските провокации и конечно да реагира динамично, соопштија од грчката опозициска партија, јави дописничката на МИА од Атина.

Од СИРИЗА велат дека „овој провокативен турски став не е случаен“, туку според нив е последица на политичките одлуки на Владата на Мицотакис, која „систематски води нетранспарентна надворешна политика, нанесувајќи им штета на националните интереси, избегнувајќи сите овие години какво било активно вклучување во Договорот за да ги одржи внатрепартиските рамнотежи“.

Скопје - Министерството за внатрешни работи информира дека за случајот со пожарот во Расадник поднесена е кривична пријава против 14-годишен малолетник, кој заедно со уште две деца фрлале пиротехнички средства, по што се запалила сувата трева и настанал пожар во кој беа заатени околу три хектари површина.

СВР Скопје до ОЈО Скопје поднел кривична пријава против 14-годишен малолетник за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност", предвидено и казниво по член 288 од КЗ.

Скопје - Премиерот Христијан Мицкоски преку „Фејсбук“ објави дека мерките на Владата за намалување на цените на училишниот прибор даваат резултати.

- Цените на училишниот прибор се значително намалени, што го олеснува товарот на родителите и овозможува секое дете да тргне подготвено на училиште. Семејствата, пак, ги чувствуваат позитивните ефекти бидејќи со намалените цени се овозможува повеќе средства да останат за други важни животни потреби, напиша Мицкоски објавувајќи дел од намалените цени на училишниот прибор.

Скопје - Унапредување на соработката со Државниот завод за статистика преку повисок степен на дигитализација и електронска размена на податоците, за што ќе биде потпишан нов меморандум за соработка. Ова е договорено на денешната средба на директорот на Царинска управа Бобан Николовски со директорот на Државниот завод за статистика Дејан Станков.

Како што информира Царинската управа, Николовски истакнал дека податоците за надворешно-трговската размена ги разменуваат со Државниот завод за статистика.

 Скопје - По вториот случај на мали сипаници оваа година, директорката на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), Марија Андоновска апелираше матичните лекари штом забележат суспектен случај, да биде препратен или на Инфективната клиника, па оттаму да го препратат кај нив на анализи, или директно да дојде на тестирање во Институтот.

Скопје - Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, по повод 5.септември, Меѓународниот ден на донаторството, го посетил СОС Детското село, кое под мотото „Ниедно дете не треба да расте само“, веќе 20 години обезбедува грижа и поддршка на децата без родителска грижа и на оние кои се изложени на ризик да ја загубат грижата од своите семејства.

На неформалната средба, министерот со претставниците на СОС Детското село разговарал за тековните активности на организацијата, за предизвиците со кои се соочува, како и за можностите за развивање на социјални услуги во заедницата за подобрување на квалитетот на секојдневието и инклузијата на децата без родителска грижа.

Скопје - Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса следува период на променливо облачно и посвежо време. На повеќе места ќе има пороен дожд, грмежи и засилен ветер, соопшти УХМР.

Локално ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд (над 25 l/m2 за кратко време), грмежи, силен ветер (над 70 km/h) и појава на град.

Скопје - Според податоците на Државниот завод за статистика, во второто тримесечје од 2024 година, бројот на активното население во Република Северна Македонија е 790 152 лица.

Од нив, вработени се 691 736, а 98 416 лица се невработени. Стапката на активност во овој период е 52.1, стапката на вработеност 45.6, додека стапката на невработеност е 12.5.

Скопје - Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – јули 2024 година, изнесува 4 567.7  милиони евра и бележи пад од 7.7 % во однос на истиот период од претходната година, соопшти Државниот завод за статистика.

Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 6 489.9 милиони евра, што е за 0.8 % повеќе во споредба со истиот период лани.

Трговскиот дефицит, во периодот јануари – јули 2024 година, изнесува 1 922.3 милиони евра. Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари – јули 2024, изнесува 70.4 %.

Дебар - Дебарското одделение за внатрешни работи поднесе кривична пријава против лицето кое беше осомничен за силување малолетничка.

- Поднесена е кривична пријава против Е.Ф.(20) од дебарското село Отишани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување дете кое не наполнило 15 години“, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.

Виница – Во рамки на подготовките за 16. Меѓународен фестивал на хумор и сатира „Ин Виница веритас“, Домот на културата „Тошо Арсов“ од Виница, како домаќин и организатор и Советот на Фестивалот, го објавија конкурсот за карикатура.

Карикатуристите од целиот свет годинава треба да творат на тема „Кој прв започна“ и секој автор може да испрати најмногу по три свои дела.

Велес - Изложбата на плакати под наслов „Визуелни рефлексии“ на ликовниот уметник-графичкио дизајнер Лазе Трпков со 30 постери е отворена синоќа во Ликовниот салон во Велес. Изложбата претставува дизајнирани графички дела – плакати, создадени во ковид и пост - ковид периодот, односно од 2020 до денес, кои допираат до разни теми и зборуваат за преокупациите и идејното размислување на уметникот, појасни промоторот на изложбата Елица Николова историчар на уметноста од Народниот музеј кој ја организира изложбата.

Лондон – Невладината организација за заштита на човековите права „Амнести интернешнл“ (Amnesty International) соопшти дека Израел незаконски ги уништил земјоделското земјиште и цивилните објекти долж источната граница на Појасот Газа. Таквото уништување треба да се истражува во рамките на обвиненијата за воени злосторства.

АИ наведува дека израелската армија незаконски уништила земјоделско земјиште и цивилни објекти користејќи булдожери и експлозив, при што дека се уништени цели населби, вклучувајќи куќи, училишта и џамии.

Берлин – Претседателот на САД, Џо Бајден ќе одобри дополнителни 250 милиони долари безбедносна помош за Украина, изјави денеска американскиот секретар за одбрана Лојд Остин на почетокот на состанокот на Контакт групата за одбрана на Украина, што се одржува во воената база Рамштајн во Германија.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска повторно ги повика сојузниците да ги игнорираат „црвените линии“ наметнати од Москва и да му дозволат на Киев да користи западно оружје со долг дострел за напади на руска територија.

Тел Авив – Шефицата на германската дипоматија Аналена Бербок денеска пристигна во Тел Авив и се сретна со израелскиот колега Израел Кац.

Бербок во Израел допатува по посетата на Саудиска Арабија и Јордан. Предвиодено е таа да се сретне и со израелскиот министер за одбрана Јоав Галант, но не е планирана средба со премиерот Бенјамин Нетанјаху.

Тагови

Остани поврзан