• понеделник, 25 ноември 2024
МИА Радио флеш

22 октомври 2024

Скопје – Државната изборна комисија денеска на седница изгласа извештајот со кој констатира дека пратеник во Собранието за остатокот од мандатот согласно Изборниот законик станува Катерина Димитровска, на местото на Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За твоја Македонија“. 

Претседателот на ДИК, Борис Кондарко, информираше дека 114-тата седница е свикана по добивање на известување од претседателот на Собранието, со кое ги информира дека Собранието денеска на седница констатирало престанок на мандат на пратеничката Митева, која е избрана од листата на кандидати за пратеници за Изборната единица 1 поднесена од Коалицијата „За твоја Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ. 

Скопје - Од Универзитетската клиника „Козле“ велат дека стручна комисија и стручниот колегиум не најшле лекарски пропуст во третманот на починатото дете. - Сакам повторно да нагласам дека како директор на Универзитетската Клиника за респираторни заболувања кај децата Козле веднаш формирав стручна комисија на клиниката која го разгледа целиот случај и не најде никаков лекарски стручен пропуст во третманот, следењето и лекувањето на пацентот. Веднаш потоа се состана во два наврати и стручниот колегиум кој се согласи со извештајот на комисијата на клиниката (во прилог е доставен детален извештај од клиниката со бројна медицинска документација која сведочи за превземената лекарска грижа, истата е доставена уредно и до министерството за здравство и во лекарската комора), вели доктор Каролина Симоновска - директор и стручен колегиум на ЈЗУ Универзитетска клиника за респираторни заболувања кај децата, Козле.

Скопје - Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска претстојува во работна посета во Солун каде оствари билатерална средба со Христос Стилинидис, министер за поморски работи и островска политка на Грција.
 
На средбата, која е прва меѓу двајцата министри,  како што соопшти Министерство за транспорт, се разговарало за економската соработка меѓу двете земји.
 
Министерот Николоски ја истакнал силната заложба на Владата за економски развој на регионот преку учество во заеднички проекти, притоа потенцирајќи ја потребата од квалитено инфраструктурно поврзување.

Солун - „Започнавме структурни реформи во сите сектори. Имаме амбициозна програма со која започнавме да ја менуваме сликата за Македонија. Ја реализираме наголемата инвестициона активност во патната мрежа каде започнуваме постапки за изградба на неколку автопати. Завршуваме со изградба на неколку брзи патишта. Нашиот најамбициозен проект е изградба на брза пруга токму на коридор 10 со што ќе овозможиме брза врска до солунското пристаниште и до Централна Европа. Започнавме и со промена на перцепцијата за инвеститорите, да понудиме услови кој ќе бидат конкуретни за инвеститорите и да бидеме препознати како погодна земја за инвестирање“, истакнал заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски на Форумот за поврзување со Југоисточна Европа што се одржува во Солун. 

Николоски, како што се наведува во соопштението од Министерството за траснпорт, нагласил дека „линкот до солунското пристаниште е Македонија и затоа треба да се размислува меѓу земјите партнери на Коридор 10 како да се олесни транспортот и трговијата и да се упростат постапките за компаниите“.

Скопје - Министерот за здравство Арбен Таравари најави дека започнале со децентрализација на Клиниката за онкологија и целта е да функционира како Институтот за трансфузиологија, прашан што се сменило во интерес на пациентите, по една година откако изби скандалот во врска со Онкологија.

-Ние започнаваме со децентрализација на Онкологија. Се работи во болницата „8 Септември“. Одреден кадар веќе се обучува тука на Онкологија и целта ни е да направиме мрежа  што ќе биде контролирана од Клиниката за онкологија. Значи „8 Септември“, веќе се надевам за месец ипол ќе почне и таму да се дават терапии, тоа ќе го промовираме. Во Тетово веќе се дава, во Битола се дава, во Штип се дава онколошка терапија. Полека - полека да започнеме со децентрализација, меѓутоа повторно да има некаква контрола од Клиниката за онкологија. Практично да функционра како Институтот за трансфузиологија. Центарот е во Скопје, меѓутоа има филијали секаде, појасни министерот.

Скопје, 22 октомври 2024 (МИА) - На манифестацијата „Годишни награди за режисерите“, која се одржа во Нови Сад, на истакнатиот македонски режисер Столе Попов му беше врачена наградата „Живојин Жика Павловиќ“ за промоција на балканската кинематографија во светот.

Како што соопштија од Друштвото на филмски работници на Македонија, наградата му ја врачи легендарниот актер Предраг Мики Манојловиќ, откако воведно обраќање имаше Ненад Павловиќ, и самиот режисер по професија и син на Жика Павловиќ.

Скопје - Помалите етнички заедници во државата изнесуваат некаде над 10 проценти и се соочуваат со широка лепеза предизвици, меѓу кои и правичната застапеност, Агенцијата за остварување на правата на заедниците ќе се обиде да  ја подигне и видливоста и значајаноста на заедниците, кои се важен дел во општеството на Република Македонија, вели новиот директор на Агенцијата Далибор Китановиќ.

-Помалите етнички заедници во државата изнесуваат некаде над 10 проценти, а проблемите со кои се соочуваат се многу како во однос на правичната застапеност во образованието, културата, во делот на медиумите и во делот на културното наследство. Така што широка е лепезата на проблеми на помалубројните заедници и нивната видливост. Ние како Агенција заедно со Владата ќе се обидеме да ја подигнеме и видливоста и значајаноста на заедниците, кои се важен дел во општеството на Република Македонија, за градење на една мултикултурна држава каде покрај македонската и албанската тука се и заедниците за кои ние ќе се бориме, вели Китановиќ во изјава за медиумите по повод одржувањето на форумот.

Скопје - До Нова година ќе има мониторинг врз спроведувањето на Законот за нефер трговски практики, а потоа ќе следуваат ригорозни казни за оние што нема да го почитуваат, најави денеска заменик министерот за економија и труд Марјан Ристески. 

Како што истакна Рисетски, сите економски мерки и овој закон се во интерес на граѓаните.

-До Нова година ќе се мониторира спроведувањето на Законот за нефер трговски практики, а потоа ќе следуваат ригорозни казни за оние што нема да ги почитуваат мерките предвидени со ова законско решение. Сите мерки, вклучително и овој закон, се во интерес на граѓаните и во насока на подобрување на животниот стандард, истакна Ристески на прес-конференцијата на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија.

Атина - Макарони, паста за заби, шампони, зејтин, оцет, пелени се дел од продуктите на листата со вкупно 123 производи од конкретни произведувачи, чии цени во супермаркетите во Грција ќе бидат намалени од шест до 15 отсто во рамките на иницијативите на Министерството за развој за справување со инфлацијата на основните продукти, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Министерството за развој на Грција ја објавија конкретната листа со производи, која според портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис е само почеток на иницијативата и постепено ќе бидат вклучени над 600 производи од различни добавувачи.

Белград - Српскиот премиер Милош Вучевиќ денес по средбата со претседателот на Парламентот на Црна Гора Андрија Мандиќ во Белград изјави дека пописот на населението во Црна Гора е внатрешно прашање, но дека е важно да се истакне како Србите го зачувале својот национален идентитет, јави дописникот на МИА од Белград.

-Горд сум на српскиот народ во Црна Гора, изјави Вучевиќ, се наведува во соопштението на Владата на Србија.

Како што се наведува, Вучевиќ истакнал дека Србија секогаш ќе инсистира на почитување на правата на српскиот народ во согласност со европските стандарди, како што тоа го прави во комуникацијата и со другите земји.

Будимпешта – Унгарскиот премиер Виктор Орбан вечерва ќе го посети Париз, каде ќе има работна вечера со францускиот претседател Емануел Макрон, соопшти портпаролот на Орбан, Берталан Хаваси.

На средбата ќе се разговара за подготовките за следниот самит на ЕУ што ќе се одржи во Будимпешта и за самитот на Европската политичка заедница, како и за билатералните односи во областа на енергетиката, одбраната и транспортот, пренесоа француските медиуми.

Кабинетот на претседателот на Франција соопшти дека вечерата, која се одржува во рамки на унгарското претседателство со ЕУ, ќе почне во 20 часот и 30 минути.

Брисел - На крајот на вториот квартал од 2024 година, јавниот долг на земјите од еврозоната се зголеми од 87,8 отсто во првиот квартал на 88,1 отсто од БДП, објави Евростат.

Во Европската унија, јавниот долг на крајот на вториот квартал од 2024 година изнесува 81,5 отсто од БДП, што претставува зголемување од 0,2 процентни поени во однос на претходниот квартал.

Најзадолжена земја на Европската унија во наведениот период е Грција со долг од 163,6 отсто од БДП, потоа Италија со долг од 137 отсто од БДП, како и Франција со долг од 112,1 отсто од БДП.

Берлин – Во Германија за првпат е откриен новиот клад 1b варијанта на вирусот мпокс, соопшти денеска Институтот Роберт Кох (РКИ), пренесе ДПА.

Првиот случај на кладот 1b варијантата на мпокс надвор од африканскиот континент беше потврден во Шведска во средината на август.

- РКИ во моментов не прогласува зголемен ризик од кладот 1 вируси во Германија, но ја следи ситуацијата многу внимателно и ќе ги приспособи своите препораки доколку е потребно, објави институтот на својата веб-страница.

Симптомите на мпокс вклучуваат типичен осип и често општи симптоми како треска, главоболка и мускулна болка. Фаталните случаи се ретки, особено во земјите со добри стандарди за лекување.

Брисел – Европскиот парламент денеска со 601 глас „за“, 47 „против“ и 17 „воздржани“ го одобри барањето на Белгија за исплата на помош на 365 поранешни работници од компанијата за трговија на мало „Mеч-Смеч“, кои останаа без работа по пропаѓањето на нејзината белгиска подружница. 

Согласно планот, од Европскиот фонд за прилагодување на отпуштените работници на глобализацијата (ЕГФ) на поранешните вработени во „Mеч-Смеч“ треба да им бидат исплатени 2,7 милиони евра, како помош за евентуална преквалификација или наоѓање нова работа. 

Според податоците, речиси половина од овие работници се на возраст од над 50 години, поради што тешко можат да најдат ново вработување.  

 

 

 

Остани поврзан