• понеделник, 23 декември 2024

МИА одбележа 25 години од работењето

МИА одбележа 25 години од работењето

Скопје, 30 септември 2023 (МИА) - Во присуство на министри, пратеници, претставници на дипломатскиот кор и на институции синоќа Медиумската информативна агенција (МИА) одбележа 25 години од своето работење. 

null

На прославата присуствуваа вицепремиерката за политики за добро владеење Славица Грковска, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерот за финансии Фатмир Бесими, пратеници од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, како и делегации од амбасадите во земјава. 

null

Генералниот директор на МИА Драган Антоновски во своето обраќање нагласи дека МИА е респектиран и почитуван медиум, не само во земјава, туку и надвор од неа, кој пласира точни и проверени информации со што стана бедем во борбата против дезинформациите.

null

Горд сум на тоа што тука заедно славиме четврт век постоење, тука е првовработениот во агенцијата, основачите на МИА, сите кои поминале и заминале, тука сме сите заедно да славиме. Со нас се сите наши корисници од медиуми од меѓународни институции, наши пријатели и поддржувачи.

nullНаправивиме значајни реформи, нова сиситематизација и организација, прв колективен договор, први рекорди во заработувачка од претплата, дупло зголемена продукција и се носиме со новите мултимедијални предизвици. Горди сме што нашите медиумски продукти безрезервно се користат и во земјава и регионот, и затоа доаѓаат и наградите од медиумската заедница, награди за нашите новинари. Целосно е сменет видео изразот, имаме директни преноси на настани во живо и даваме наш придонес преку агенциската школа и учество на наши уредници во проекти на медиумска писменост и борбата против лажните вести, потенцира Антоновски.

Дневно се објавуваат околу 400 вести, а посебен белег на Агенцијата се авторските текстови. Дополнителна вредност, како што посочи, е и мултимедијалниот пристап, кој се применува веќе неколку години. 

null

За тоа, како што рече, заслужни се вработените кои во изминатите 25 години дале и даваат личен придонес во развојот на Агенцијата. 

Според Антоновски, она што останува да се направи во иднина е Закон за МИА , а очекувањата се финансиската стабилност и предвидливост, кое пак еснафски и во медиумската заедница значи независност и  и одржливоста на Агенцијата. За ова ја имаме  поддршката од ОБСЕ и другите меѓународни и домашни медиумски организации. 

null

По повод јубилејот, честитки упатија премиерот Димитар Ковачевски, лидери на политички партии, како и институции и агенции со кои соработува МИА.

На 30 септември 1998 година, МИА ја емитуваше првата вест со што почна редовната продукција на информации за медиумите и граѓаните на земјава, во прво време со фотографии и текст, а денес и со видео преноси во живо, целосен мултимедиумски израз и присутност на социјалните медиуми.

null

МИА има соработка со над 50 регионални и светски агенции и дневна дистрибуција на медиумски продукти на МИА-сервиси до домашни, европски и светски институции.null

- Сакам да потсетам  дека нашата меѓународна  и регионална соработка е во постојан раст. Дел сме од бриселската редакција што е заеднички проект со АФП ,ДПА и повеќето агенции од регионот. Работевме на заеднички проекти со БТА, СТА, БЕТА, АНА МПА, со КОСОВАПРЕС и МИНА, деновиве почнува со работа балканската редакција со нова веб страница од агенциите од АБНА мрежата со која МИА доби поддршка  да  преседава од идната година, нагласи Антоновски

Претплатници на МИА се сите релеванти и влијателни ТВ-куќи, електронските и печатените медиуми во земјава, македонските амбасади во странство, странски дипломатски и други претставништва и мисии во Северна Македонија, како и медиуми на наши иселеници во странство. 

МИА има потпишано договори за размена на вести и медиумски продукти со сите државни агенции во регионот, како и со повеќе приватни агенции од соседството. Исто така е и дел на информативните пулови на: Дојче веле (Германија), Слободна Европа, Гласот на Америка, АНСА (Италија), СТА (Словенија), ХИНА (Хрватска), БТА (Бугарија), АНА-МПА (Грција), АТА (Албанија), АНАДОЛИЈА (Турција), АПА (Австрија), ЕФЕ (Шпанија), МИНА (Црна Гора), ФЕНА  , АГЕРПРЕС (Романија), ТАНЈУГ , БЕТА (Србија), ФОНЕТ (Србија), БГНЕС (Бугарија), УКРИНФОРМ (Украина), соработува и со големите новински агенции – Европската фотоагенција ЕПА, германската ДПА, британскиот јавен сервис Би-би-си, кинеската СИНХУА. бак/ац/

Фото: МИА

 

Остани поврзан