МИА Најави – свет
- Брисел – Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте ќе се сретне со данскиот министер за одбрана Тролс Лунд Поулсен и министерката за надворешни работи на Гренланд, Вивијан Мотсфелт
19 јануари 2026
Брисел – Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте ќе се сретне со данскиот министер за одбрана Тролс Лунд Поулсен и министерката за надворешни работи на Гренланд, Вивијан Мотсфелт.
Давос – Во Швајцарија почнува 56. Меѓународен економски форум, што ќе трае до 23 јануари.
Стразбур – Пленарна седница на Европски парламент, што ќе трае до 22 јануари.
Брисел – Средба на министрите за финансии од еврозоната за координација на економската политика.
Женева – Отворање на првиот дел од седницата на Конференцијата на ОН за разоружување во Женева за 2026 година.
Ханој – Почнува 14. Национален конгрес на Комунистичката партија на Виетнам.