• петок, 05 јули 2024
МИА Најави – МКД
6 февруари 2020 Скопје - Седница на собраниската Комисија за одбрана и безбедност на која ќе се одржи Јавна расправа по Предлог законот за Агенцијата за разузнавање. (Сала Борис Трајковски“ 11:00) Скопје - Седница на собраниската Комисија за транспорт, врски и екологија. (Сала 6/10:00) Скопје - Седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедници. (Сала 4/11:00) Скопје - Седници на собраниската Законодавно-правна комисија. (Сала 10/10:30 и 15:15) Скопје - Седница на собраниската Комисија за култура. (Сала 6/14:00) Скопје - Седница на собраниската комисија за економски прашања. (Сала 10/11:00) Скопје - Седница на собраниската Комисија за одбрана и безбедност (Сала Борис Трајковски/15:00) Скопје - Премиерот Оливер Спасовски, заедно со министерот за економија, Крешник Бектеши и директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, Александар Младеновски ќе се обратат на настан по повод стартот на изградбата на две нови фабрики на американската компанија „Дура Аутомотив Системс“. (ТИРЗ „Скопје 2“/9:00). Крива Паланка - Премиерот Оливер Спасовски, министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и евро-амбасадорот Самуел Жбогар ќе извршат увид во отпочнувањето на градежните активности за рехабилитација и реконструкција на А2 делница Крива Паланка - Деве Баир. (11:00, по увидот обраќања во општинската сала на општина Крива Паланка) Загреб - Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, заедно со министерот за надворешни работи, Никола Димитров ќе остварат работна посета на Република Хрватска. Куманово - Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски ќе се обрати на третата од серијата јавни трибини на тема: „Дигитализација на јавните услуги“. (Занаетчиски дом/13:00, изјава за медиумите/13:00) Скопје - Државната изборна комисија по повод Глобалниот ден на изборите организира отворен ден за сите заинтересирани граѓани кои сакаат одблиску да се информираат за работата на ДИК. (предвидени се три термини за предавања, ДИК/11:00-12:30, 13:00-14:30, 15:00-16:30) Скопје - Амбасадорот на Црна Гора во Република Северна Македонија, Марија Петровиќ  ќе го отвори настанот на кој директорот на Секретаријатот на Здравствена Мрежа на ЈИЕ, Мира Јовановски-Дашиќ ќе ја презентира важноста на регионалната соработка во јавното здравство. (Музеј на македонската борба/11:00) Скопје – Амбасадата на Република Словенија во соработка со универзитетите во Словенија организира презентација “Study in sLOVEnia”. (х. „Александар Палас/17:00) Прилеп - Презентација на можности за користење на средства од ИПАРД Програмата, Фонд за иновации и технолошки развој и други актуелни фондови. (х. „Салида“, до Парк на Револуција/17:00) Скопје - Средба меѓу Стопанска Комора на Северо-Западна Македонија и политичката партија Алијанса за Албанците. (во просториите на СКСЗМ, кат 1, сала 6/11:00, изјави за медиуми/10:45) Скопје - Прес-конференција на Здружението за заштита на правата на акционерите во Топлификација АД, во врска со државната помош доделена друштвото ТЕ-ТО АД. (Простории на Топлификација, АД ул. „Лондонска“ бр. 8/12:00) Скопје - Панел дискусија на ЦИВИЛ: Сајбер нападите – предизборно оружје. (х. „Парк Резиденс“, зад фудбалскиот стадион во Градски парк/12:00) Скопје - Трибина во организација на зелената партија ДОМ и Европските зелени на тема: „Перспективите на македонската евроинтеграција". (х. „Арка“/12:00-14:00, изјави за медиумите/11:45) Охрид - Прличеви беседи 2020. (НУ библиотека „Григор Прличев“/13:00) Велес - Премиера на претставата „Сара“ од Катерина Момева, во режија на Елеонора Теова.(Театар „Јордан Хаџи Константинов - Џинот“, мала сцена/20:00) ————————————————————————————————————————— ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан