• понеделник, 08 април 2024
МИА Најави - свет

1 март 2024 

Москва - Погребување на противникот на Кремљ, Алексеј Навални, кој почина на 16 февруари во затвор во Арктичкиот круг во Русија.

Вашингтон - Американскиот претседател Џозеф Бајден ќе ја прими италијанската премиерка Џорџа Мелони.

Рим - Германскиот канцелар Олаф Шолц е во дводневна посета на Италија.

Анталија - Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров во дводневна посета на Турција.

Техеран - Во Иран избори за Парламентот и за Советот на експерти кои го избираат врховниот лидер на земјата.

Берлин - Еколошкото движење „Петоци за иднината“ повикува на штрајк поради климатските промени.

Буенос Аирес - Годишен говор на аргентинскиот претседател Хавиер Милеи во Парламентот.

Остани поврзан