• среда, 24 април 2024

МИА Најави свет

МИА Најави свет

16 Април 2024

Стразбур – Членовите на Парламентарното собрание на Советот на Европа ќе гласаат за Предлог-мислењето за барањето на Косово за членство во Советот на Европа.

Брисел – Виртуелна средба на министрите за надворешни работи на ЕУ за нападот на Иран врз Израел.

Пекинг – Средба меѓу кинескиот претседател Си Џинпинг и германскиот канцелар Олаф Шолц.

Вашингтон – Извештај на Меѓународниот монетарен фонд за глобалната економска прогноза во пресрет на годишните состаноци на ММФ и Светската банка.

Женева – Извештај на Институтот на ОН за истражување на разоружувањето (UNIDIR) за вештачка интелигенција и меѓународна безбедност.

Њујорк – Состанок на Советот за безбедност на ОН за Либија.

Љубљана – Шпанскиот премиер Педро Санчез во посета на Словенија.

Мостар – Српскиот претседател Александар Вучиќ ќе присуствува на отворањето на 25-от Меѓународен бизнис саем што ќе го отвори хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ.

Остани поврзан