• сабота, 06 декември 2025
МИА Најави - МКД

3 јуни 2025

Скопје - Седница на Собранието на РСМ. (Сала „Македонија“/11:00)

Скопје - Претставници на синдикалните организации од земјава ќе се сретнат со претседателот на Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика, Бојан Стојаноски и со предлагачите на Предлог-законот за изменување на Законот за работни односи по скратена постапка. (Собрание на РСМ, Сала 6/10:00)

Скопје -  Средба на координаторите на пратеничките групи со вработени во Инспекторатот за употреба на јазиците. (Собрание на РСМ, Сала на Влада/10:00)

Скопје - Министерката за образование и наука Весна Јаневска ќе оствари средба со група студенти и професори од кампусот на Државниот дуален универзитет Баден – Виртемберг во Манхајм кои се во студиска посета на Македонија (Машински факултет/9:00).

Скопје - Меѓународна конференција по повод 50 години од основањето на Институтот за безбедност, одбрана и мир при Филозофскиот факултет - Скопје, на која е најавено обраќање на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерката за образование и наука Весна Јаневска, ректорката на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ Билјана Ангелова, претседателката на Комората на РСМ за приватно обезбедување Верица Милеска Стефановска и деканот на Филозофскиот факултет - Скопје Оливер Бакрески. (Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“/10:00)

Скопје - Статистичката конференција „25 години родови податоци“, во организација на Државниот завод за статистика. (х.ДаблТри Хилтон/9:30)

Охрид - Почнува Форумот за земјоделска политика (APF) насловен „Насочување кон интеграција во ЕУ и влијанието на климатските промени врз земјоделството: Обезбедување иднина за нашите земјоделци и храна во Југоисточна Европа“. (х. „Метропол“/9:00)

Скопје - Изјава на градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски. (пред Универзитетот Скопје (УТМС) кој се наоѓа спроти Т.Ц „Лептокарија“ – Карпош 3, на Бул. Партизански одреди бр. 99 Скопје/10:00)

Скопје - Промоција на книгата „Скопје 2014... и потоа“ од Златко Теодосиевски. (КИЦ/Салон Империјал 1/12:00)

Скопје - Петто издание на трансформативниот и поддржувачки настан – „Женски Круг #5: Дојди како што си!“. (17:15)

Скопје - Прва самостојна изложба на реномираниот британски уметник Ричард Дикон. (Музеј на современата уметност/18:00)

Скопје - Почнува вториот Фестивал на детски мјузикли што го организира ЈУ Детски културен центар - Карпош. (Кино Фросина, МКЦ/18:00)

Скопје - Отворено графичко студио „Помеѓу просторот и местата“. (Музеј на Град Скопје/19:00)

Скопје - Концерт на хрватскиот ансамбл за народни игри и песни „Ладо“ на кој гостин ќе биде македонскиот ансамбл „Танец“. (Национална опера и балет/19:30)

Скопје - Премиера на претставата „Кататонија“. (МНТ, голема сцена/20:00)

Скопје - Со изложбата „ПАНК. СУПКУЛТУРА. СОЦИЈАЛИЗАМ. АРХИВИ И ФОТОГРАФИЈА ОД СЛОВЕНИЈА“ се отвора фестивалот „Викенд на гордоста – Скопје 2025“. (Музеј на современа уметност/20:30)

Велес - Почнуваат Спортски игри Велес 2025. (Градски парк)

 

____________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 

Остани поврзан