• недела, 28 април 2024
МИА Најави МКД

22 мај 2023

Скопје - Собранието на Северна Македонија ќе ја одржи 115. седница. (Сала „Македонија“/ 12:00)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за транспорт, врски и екологија. (Сала 6/ 11:00)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за европски прашања. (Сала „Борис Трајковски“/ 12:00)

Скопје - Директорот за Европа во холандското МНР,  Ерик Вестрате ќе се сретне со Александар Николоски, претседател на Националниот совет за евроинтеграции во Собранието на Северна Македонија. (Канцеларија 161/ 14:15)

Брисел - Претседателот Стево Пендаровски во работна посета на Кралството Белгија.

Брисел - Министерот за надворешни работи Бујар Османи ќе учествува на Советот за надворешни работи на Европската Унија, посветен на Западен Балкан. 

Охрид - Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова, шефот на Делегацијата на Европската Унија, Дејвид Гир и  градоначалникот на Општина Дебрца Зоран Ногачевски ќе се обратат на настанот за одбележување на Денот на Натура 2000 и Светскиот ден на биодиверзитетот. (на плоштадот на н.м. Белчишта/ 11:00)

Крушево - Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и градоначалникот на Општина Крушево, Томе Христоски ќе се обратат по повод почетокот на културната манифестација „Град на културата“. (пред споменикот „Македониум“, во зависност од временските услови „Спомен-куќа на Тоше Проески“/ 14:00)

Скопје -  Предавање во рамки на промотивната кампања за борба против корупцијата „Бидете херои на чесноста“ на кое ќе се обрати претседателката на Државна комисија за спречување на корупција, Билјана Ивановска. (основното училиште „Братство” - ул. „Московска“ бр. 18/ 09:20)

Скопје - Прес-конференција на ЦИВИЛ за големата регионална иницијатива за трансформација на економијата на Западен Балкан. (Прес центар на ЦИВИЛ, БЦ Палома Бјанка, 3 кат/ 10:00)

Скопје - Прес-конференција на Независен синдикат на судска администрација на Македонија. (Пред Судски Совет на РСМ/ 10:30)

Скопје - Свеченост по повод 74-годишнината од основањето на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. (Македонска филхармонија/ 20:00)

Скопје -  Прес-конференција по повод отпочнувањето на Macedonian Open 2023, ATP Challenger 75, светски турнир за мажи. (ТК ЈУГ Скопје/ 12:00)

Скопје - Промоција на Зборникот на трудови „Антево дело“. (Порта „Македонија“/ 19:00)

Скопје - Концерт на Младинскиот оркестар на ЕУ и „Фамес“ со виолинистот Даниел Роланд. (концертна сала на Филхармонија/ 20:00)

Скопје - Премиера на претставата „Животниска Приказна” во режија на Александар Јовановски. (Јавна Соба/ 20:00)

_________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 

Тагови

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан