• среда, 08 мај 2024
МИА Најави МКД

МИА Најави МКД

11 октомври 2023 

Скопје – Одборот за доделување на државната награда „11 Октомври“ ќе ја додели државната награда „11 Октомври“ за 2023 година за највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес на Република Северна Македонија. (Кристална сала на Собранието на РСМ/ 12:00)

Прилеп/ Куманово/Скопје - По повод државниот празник 11 Октомври - Денот на народното востание собраниски делегации ќе положат цвеќе во Прилеп, Куманово, Скопје:

- Пратениците Миле Талески и Петар Ристески ќе положат венци цвеќе. (на споменикот на Методија Андонов – Ченто, на споменикот на Кузман Јосифоски – Питу, на споменикот на Жена Борец и на Могила на непобедените во Прилеп/ 9:30)

- Пратениците Лидија Тасевска, Мирослав Јовановиќ и Бране Петрушевски ќе положат цвеќе. (на Спомен - костурницата во Куманово/ 10:00)

- Собраниска делегација, предводена од потпретседателот Хусни Исмаили, во состав: Снежана калеска - Ванчева и Зоран Коцевски ќе положи венци цвеќе. (на Градските гробишта „Бутел“ на Меморијалниот комплекс „Партизански гробишта“/ 10:30 и плато пред Владата на Република Северна Македонија, на споменикот „Ослободителите на Скопје“/ 11:30)

Владата на Република Северна Македонија под мотото „Непокор и слобода“ со пригодни настани го одбележува државниот празник 11 Октомври – Ден на народното собрание:

- Владина делегација предводена од премиерот Димитар Ковачевски, а во состав на делегацијата се Артан Груби, прв заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи, Бисера Костадиновска Стојчевска, министерка за култура и Азир Алиу, министер за информатичко општество ќе положи свежо цвеќе. (пред Спомен - костурницата во Куманово/ 10:00)

- Централна манифестација со обраќање на премиерот Димитар Ковачевски, по што ќе следи културно-уметничка програма на платото пред Спомен - костурницата. (линк до видео од настанот на македонски јазик: https://www.youtube.com/watch?v=_uuet_MiunU и на албански јазик: https://www.youtube.com/watch?v=T5i7metfdJs 

- Владина делегација предводена од заменичката на претседателот на Владата задолжена за добро владеење, Славица Грковска, а во состав Филип Николовски, заменик министер за финансии, Беким Реџепи, заменик министер за транспорт и врски ќе положат цвеќе. (во Меморијалниот комплекс „Партизански гробишта“ Бутел во Скопје/ 10:30, потоа истата делегација цвеќе ќе положи и пред споменикот „Ослободителите на Скопје“, на платото кај Владата, по што вицепремиерката Грковска ќе даде изјава по повод празникот/ 11:30, претставниците на медиумите да пристигнат најдоцна до 11:00)

- Владина делегација предводена од заменик претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, а во состав заменик министерката за здравство, Маја Манолева и заменик министерот за образование и наука, Агим Нухиу ќе положи цвеќе. (пред споменикот на Методија Андонов – Ченто, пред споменикот на Кузман Јосифоски – Питу и пред Могилата на непобедените во Прилеп/ 9:30)

Куманово - Традиционален празничен пикник по повод 11-ти Октомври во организација на Општинската организација на СДСМ. (Спомен - костурница/ 12:00)

Скопје – Започнува ВИНОСКОП 2023 – Фестивалот на виното по 13-ти пат во Скопје. (на паркингот пред СЦ „Борис Трајковски“/ 17:00)

___________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан