• среда, 08 мај 2024
МИА Најави МКД

МИА Најави МКД

15 мај 2023

Скопје - Претседателот Стево Пендаровски ќе се обрати на промоцијата на публикацијата „Солидарност - од надминување кризи до одржлив развој“, подготвена од канцеларијата на Програмата за развој на Обединети нации (УНДП) во Скопје, преку Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ (ИДСЦС). (Кабинет на претседателот / 10:40)

Скопје - Седница на Законодавно правната комисија на Собранието. (Сала 6 / 10:00)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за европски прашања. (Сала на Уставна комисија / 11:00)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет. (Сала „Борис Трајковски“ / 12:00)

Скопе - Седница на Комисијата за одбрана и безбедност. (Сала 6 / 12:00) 

Скопје - Брифинг со премиерот Димитар Ковачевски на кој ќе присуствуваат и вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, министерот за надворешни работи Бујар Османи и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски. (Клуб на пратеници / 9:30)

Скопје - Во Министерството за финансии ќе биде одржан брифинг со министерот Фатмир Бесими. (МФ / 9:30)

Кавадарци - Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи и директорката вна УЈП Сања Лукаревска, ќе ја посетат компанијата „ЕКО – ГРУП“ во Кавадарци. (по завршување на состанокот Битиќи и Лукаревска ќе дадат изјави за медиуми во 13:35 часот пред седиштето на компанијата: Индустриска 31/2  Кавадарци)

Скопје - Јавна седница во Апелациониот суд Скопје по кривичниот предмет за убиството на ракометарот Денис Тот. (10:30) 

Скопје - Прес-конференција на градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска и заменичката на регионалната директорка на УНДП Марина Волтер по повод првите пронајдоци направени во единствената Биотехнолошка лабораторија во земјава, лоцирана во СУГС „Марија Кири - Склодовска“ - Скопје. (СУГС „Марија Кири - Склодовска“ / 15:00 / за посетители и информативни средби лабораторијата ќе биде отворена од 10:30)

Скопје - Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје организира Отворен ден и Ден на кариера. (во новите простории на поранешната касарна „Илинден“ спроти Американската амбасада / 10:00)

Скопје - Прес-конференцијата на ХЕРА по повод Националната конференција „Младите и фармацевтите - заедно за достапна контрацепција“. (хотел „Хилтон“ / 11:00)

Скопје - Сава пензиско друштво а.д. Скопје, КБ Прво пензиско друштво а.д. Скопје и Триглав пензиско друштво а.д. Скопје, организираат средба со новинари за третото продолжение на едукативната и општествено одговорна кампања „Засади желба“. (ресторан Рагуза 360 / 12:00)

Скопје - Со проекцијата на филмот Пинокио на режисерот Матео Гароне, почнува 23 издание на „Неделата на италијанскиот филм“, оваа година посветен на темата Бајки. (Национална Кинотека / 20:00) 

Скопје - Друштвото на писателите на Македонија ќе се одржи прес-конференција за Меѓународната литературна манифестација Илинден 2023. (ДПМ / 11:00)

Прилеп - Прес-конференција на директорката на МТФ „Војдан Чернодрински“ - Прилеп, Ана Стојаноска, на која ќе биде соопштена годинашната програма на фестивалот. (Центар за култура „Марко Цепенков“ / 13:00)

Скопје - Изложба на ликовни творби на деца од ОУРЦ „Д-р Златан Сремец“ и ОУРЦ „Иднина“ изработени во соработка со ученици од СУГГС „Здравко Цветковски“ во Скопје. (Музеј на современа уметност во Скопје / 11:00)

___________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан