• сабота, 16 ноември 2024
МИА Најави МКД

6 март 2024

Скопје - Собранието на Р. Северна Македонија ќе ја одржи 135-та, 138-та, 140-та и 145-та седница. (Сала „Македонија“/11:00/11:10/11:20/11:30)

Скопје - Седница на собраниската Законодавно правна комисија. (Сала 4/11:00)

Скопје - Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески ќе одржи средба со амбасадорката на Република Грција, Софија Филипиду. (Стар кабинет/13:00)

Скопје - Потпретседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Горан Мисовски, ќе одржи средба со претседателката на Судот за ревизија на Република Словенија, Јана Ахчин. (Сала на Влада/13:00)

Скопје - Претседателот на техничката Влада на Република Северна Македонија, Талат Џафери, ќе одржи прес-конференција. (Влада, Медија центар/9:45, линк на македонски https://www.youtube.com/watch?v=23KEOxou7U8, линк на албански https://www.youtube.com/watch?v=YiReMFmCpY8)

Куманово - Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски ќе изврши увид во рехабилитација на локалната улица „300” во населба Ајдучка чешма во Куманово. (Изјава за медиуми/10:00)

Дојран - Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев ќе оствари работна посета на Полициското одделение Дојран и Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Стар Дојран, каде што ќе оствари средби со раководствата на овие организациони единици, како и со раководството на Регионалниот центар за гранични работи ЈУГ. (Изјава за медиумите пред Општината/12:15)

Скопје - Министерката за култура - Бисера Костадиновска Стојчевска и градоначалникот на општина Крива Паланка, Сашко Митовски ќе одржат прес-конференција. (Музеј на македонската борба/10:15)

Скопје - Националниот координатор за гранично управување, Владимир Пивоваров, ќе одржи прес- конференција. (Влада, Медија центар/10:30, линк на македонски https://www.youtube.com/watch?v=pwn0In8X0MU, линк на албански https://www.youtube.com/watch?v=EwP4yK68qao)  

Скопје - ТИРЗ-Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони и ЏЕТРО-Јапонската организација за надворешна трговија ќе потпишат Меморандум за соработка со кој ќе се спроведуваат заеднички активности за промоција на инвестициски можности меѓу двете земји. (Клуб на пратеници/10:30, изјави за медиумите/10:40)

Скопје - Прес-конференција на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија по повод одржување на конференција на тема ,,Зајакнување на родовата еднаквост и справување со вознемирувањето на работно место”. (Простории на СОНК, ул.„Маџир Маало“ бр.36/14:00)

Скопје - Прес-конференција на организацијата Македонија 2025. (х.„Хилтон“/11:00)

Скопје - Свечен настан и промоција на книга по повод 30 години активна работа на женските НВО по независноста на земјата. (Сала Голема Купола/11:00)

Скопје - Завршен настан во рамките на проектот „Борба против сајбер-булинг врз девојчињата во организација на Институтот за човекови права. (Europe House/12:00, изјави за медиумите/11:00)

Битола - Тркалезна маса „Мали бизниси во сопственост на жени во Пелагонискиот регион“ во организација на Здружението за меѓународна младинска соработка Интерактив и Europe House Bitola. (Простории на Europe House/13:00) 

Скопје - Презентација на Студентски манифест во организација на Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. (Општествен кампус на УКИМ, пред споменикот на „Св. Кирил и Методиј“/15:00) 

Скопје - Промоција на монографијата за Универзална сала, „Скопскиот симбол на хуманоста“ на Весна Дамчевска. (Градска библиотека „Браќа Миладиновци“/12:00)

 

___________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 

 

Остани поврзан