2 декември 2025
Скопје - Во судницата во Идризово продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. (09:30)
Скопје - Претседателот на Собранието Африм Гаши ќе одржи неформална средба со собраниските известувачи, на која ќе информира за тековните активности во законодваниот дом. (Сала на Уставна комисија/11:00)
Скопје - Седница на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата. (Сала 4/12:00)
Скопје - Седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет. (Сала 4/13:30)
Скопје - Седница на Законодавно-правна комисија. (Сала 4/14:00)
Мицкоски на поставување на камен темелник на нова детска градинка во Ѓорче Петров
Почитувани,
Скопје - Претседателот на Владата Христијан Мицкоски ќе присуствува на поставување камен темелник за изградба на нова детска градинка во населба Дексион, Општина Ѓорче Петров. (10:30 / предвидена е изјава за медиумите на премиерот Мицкоски)
Скопје - Потпретседателот на Владата и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ и потпретседателката на Владата на Србија и министерка за економија, Адријана Месаровиќ ќе ги посетат компанииите „Пекабеско“ и винаријата „Камник“. (Компанија Пекабеско“/12:00, винарија Камник/13:20, изјави за медиумите по посетите)
Скопје - Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ќе има воведно обраќање на Националната конференција за безбедност на сообраќајот во локалната самоуправа, во организација на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. (х.„Александар Палас“/10:00, изјави за медиумите по обраќањата)
Брисел - Министерката за образование и наука Весна Јаневска, еврокомесарката за проширување Марта Кос, генералниот директор на Заедничкиот истражувачки центар на ЕК - Бернард Магенхан, како и министри и други претставници на земјите од регионот, ќе учествува на конференција посветена на процесот на паметна специјализација на земјите од Западен Балкан – клучни достигнувања и искуства. (Charlemagne Building, Sicco Mansholt room/10:00)
Скопје - Презентација на новиот скенер за поштенски пратки, донација од Канцеларијата на Обединети нации за дрога и криминал. (Простории на ЦИ Пошта - објект Пошта 2 / 11:00. На настанот обраќање ќе има директорот на Царинска управа, Бобан Николовски)
Скопје - Фондацијата Фридрих Еберт - канцеларија Скопје и Центарот за еднаквост и правда ќе одржат презентација на анализата „Трошоци за одгледување деца во Северна Македонија: реалност, предизвици и препораки (2025)”. (Граѓански ресурсен центар, изјави за медиумите/10:00)
Скопје - Здружението за асистивна технологија „Отворете ги прозорците“ во партнерство со МЦГО ќе одржи завршна конференција „Инклузија во движење:Чекори кон промена“ од проектот: Инклузија на деца со посебни образовни потреби. (х.„Александар Палас“, Конгресна сала 2/11:00)
Скопје - Комеморативната седница за пејачот Шпат Касапи во Општина Чаир. (13:00)
Скопје - Доделување на Јубилејна плакета на Црвениот крст на РСМ на Универзитетот „Мајка Тереза“ - Скопје, како и панел-дискусија за промоција на новата платформа за соработка помеѓу Црвениот крст и универзитетската заедница во организација на Црвениот крст на град Скопје. (Универзитет „Мајка Тереза“, Аудиториум 107/11:30)
Скопје - Финален настан „ИМАМ СТАВ“ за ученици од средните училишта. (Сала „Борис Трајковски“/10:00)
Скопје - Отворање изложба на слики од XIV- тата Меѓународна ликовна колонија на Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Северна Македонија - Мобилност Македонија. (Мултифункционален објект-Порта Македонија/19:00)
Битола - Отворање на мултисензорна изложба „Допир на уметноста“. (Завод и Музеј/12:00)
Скопје - Годишна изложба на дела на Родољуб Анастасов од колекцијата на Галерија “Јустина и Родољуб Анастасов” - 2025. (Музеј на град Скопје/19:00)
_______________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***