• недела, 22 декември 2024
МИА Најави - МКД

18 април 2023 

Скопје - Прес-конференција на Лекарската комора за случајот со докторот од Клиничката болница во Тетово. (простории на Лекарска комора, бул. „Партизански одреди“ бр. 3/15:00)

Скопје - Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија и Еврејската заедница во Република Македонија ќе го одбележат Јом Хашоа – Национален комеморативен ден на Израел, посветен на хероизмот во Варшавското гето. (Меморијален центар на холокаустот на Евреите од Македонија/12:00)

Скопје - Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје (ИДСЦС) организира дебата на тема  „Зголемени ризици од брзи измени на законите за коридорите 8 и 10д“. (х.„Солун“/11:00 - 13:00) 

Скопје - Фракцијата на ДУИ ќе одржи прес-конференција. (Парк спроти Скопско кале/12:30)

Скопје - Друштвото на писатели на Македонија организира настан „Во име на новото“. (ДПМ/11:00)

Скопје - Прес-конференција по повод премиерата на првиот долгометражен филм за Блаже Конески – „Јанѕа“ во режија на Никола Т. Калајџиски. (Фоаје на градското кино „Милениум“/11:00)

Скопје - Промоција на збирката раскази „Вонземјанки; раскази од Латинскиот кварт“, најнова книга на Влада Урошевиќ, . (Кино „Фросина“ во МКЦ/20:00)

Скопје - Проекција на филмот „49.172“, во организација на бугарската Амбасада во Скопје. (Europe House Скопје /16:15)

Скопје - Отворање на изложбата  „Портрет на публиката“ на Дафина Шекутковска.(КИЦ-Скопје/20:00)   

Скопје - Отвoрање на самостојната изложба „Panta rei“ на Наташа Гелева. (КСП Центар-Јадро/20:00)
 
Скопје - Националната галерија на Република Северна Македонија го одбележува 18 Април - Меѓународниот ден на културното наследство. 
 
Охрид - Промоција на монографијата за Марко Пејчиновски „ОДИСЕЈА 2022 ODYSSEY“. („Fort Cafe“)
 

___________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан