• четврток, 21 ноември 2024
МИА Најави - МКД

МИА Најави МКД

5 септември 2024

Скопје – Министер за надворешни работи на Република Турција во официјална посета на Република Северна Македонија:

- пристигнување и пречек пред Министерството за надворешни работи и надворешна трговија (10:30)

- тет-а-тет средба со министерот за надворешни работи и тргоција Тимчо Муцунски  (10:35)

- билатерална средба на која покрај министрите ќе присуствуваат и делегации на двете министерства (11:00)

- заедничка прес-конференција на министрите Муцунски и Фидан (11:45)

- средба со претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши (Сала на Уставна комисија, Собрание/ 12:15)

Скопје – Седница на собраниската Комисија за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање. (сала „Борис Трајковски“/ 11:00)

Скопје – Седница на собраниската Законодавно-правна комисија. (Сала 4/ 11:30)

Скопје – Седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет. (Сала 4/ 13:00)

Карбинци/Штип - Министерот за култура и туризам Зоран Љутков ќе го посети археолошкиот локалитет Баргала во Општина Карбинци и националните установи од областа на културата во Штип. (Изјава за медумите пред Народен театар - Штип/12:15)

Скопје - Градоначалникот на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски ќе одржи прес-конференција по повод опремувањето на сите училишта во општината со прочистувачи на воздух. (Подрачно основно училиште „Кузман Јосифовски- Питу“ во Црниче/11:00) 

Скопје – На празникот Света Мајка Тереза по повод 25 години од епископството на монсињор Киро Стојанов и пет години од посетата на папата Фрањо во Македонија, ќе се служи свечена света литургија. (во катедралата „Пресвeто Срце Исусово“/ 18:00)

Скопје – Општина Гази Баба по повод 8 Септември, Денот на независноста организира музички настан под мотото „Македонија живее“. (плоштад во Автокоманда/ 20:00)

Скопје –  „Младинска моќ за единство: Градење мултикултурна иднина“, во рамките на проектот „Младински активизам за мултикултурализам - да се негува, да се дејствува!“ во организација на Аналитика тинк-тенк. (Франклин Бар анд Кичен/ 12:30 – 14:30, изјави за медиумите од 12:20 до 12:30)

Скопје – Отворање изложба по повод 120 години од раѓањето на македонскиот сликар Томо Владимирски. (Даут-пашин амам/ 20:00)

Скопје – Самостојни изложби на младите уметници Серхат Емрулаи и Наџа Крачуновиќ, добитници на наградата „Најуспешен автор и дело“, која им беше доделена минатата година на 14. Меѓународно биенале на млади уметници - „Будења“. (Музеј на современата уметност/ 20:00)

Битола – Концерт на Националниот џез оркестар и Мартин Ѓаконовски – Шпато. (Пацио, Музеј Битола/ 20:30)

__________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан