15 јули 2025
Скопје - Седница на собраниската Комисија за надворешна политика и надворешна трговија. (Сала 6/13:00)
Скопје - Собраниската Законодавно - правна комисија ќе ги одржи 98-та и 99-та седница. (Сала 5/13:00/13:15)
Скопје - Министерот без ресор задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022–2030, Шабан Салиу, ќе одржи прес-конференција. (Прес-центарот на Владата/10:00)
Скопје - Државниот завод за ревизија со Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Швајцарската програма за поддршка на изборите во Северна Македонија, спроведена од Меѓународната фондација за изборни системи (IFES) организира конференција на тема „Финансиска отчетност на изборите“. (х.„Холидеј ин“/10:00, регистрација/9:30, можност за изјави од организаторите 15 минути пред почетокот на конференцијата)
Тетово - Градоначалникот на Општина Тетово, Биљал Касами, ќе одржи прес-конференција на која ќе ја претстави програмата на годинешното издание на Тетовско културно лето. (9:30)
Скопје - Прес-конференција на Општинската пензионерска организација на Свети Николе. (Пред Влада/10:00)
Охрид - Книжевна вечер со Славе Ѓорѓо Димоски во организација на „СПОНА“. (Кафе и бар „Шила“/18:30, изјави за медиумите/18:25)
Кочани - Проекции на документарни филмови во рамки на програмата на Патувачко кино на „МакеДокс“. (Летна сцена пред НУ Центар за култура „Бели мугри“/21:00)
Скопје - Отворање на изложбата на фотографии „Три, четири, сега! Европа е наша!“, на којашто ќе бидат изложени дел од највпечатливите фотографии чии автори се млади таленти од целиот Западен Балкан. (Europe House/10:00)
Скопје - Интердисциплинарен и мултимедијален фестивал Културен амалгам 2025. (КИЦ/20:00)
___________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***