• среда, 18 декември 2024
МИА Најави МКД

МИА Најави МКД

28 април 2023 

Скопје – Претседателот на Пратеничката група на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со Парламентот на Француската Република, Александар Николовски ќе се сретне со францускиот амбасадор, Сирил Бомгартнер. (Канцеларија 161/ 11:00)

Ранковце/Крива Паланка – Премиерот Димитар Ковачевски заедно со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми ќе извршат увид на градежни активности на експресниот пат Ранковце- Крива Паланка. (локација на главната клучка каде што почнува експресниот пат, на местото Чатал: https://www.google.com/maps/place/42%C2%B009'23.2%22N+22%C2%B003'11.9%22E/@42.1564444,22.0533056,17z/data=!3m1!4b1!4m4!3m3!8m2!3d42.1564444!4d22.0533056   /11:00, по што ќе дадат изјави за медиумите)

Кавадарци – Министерот за локална самоуправа Ристо Пенов и градоначалникот на општина Кавадарци Митко Јанчев ќе се обратат по повод промоцијата на „Регионалниот центар за згрижување на бездомни миленици и ветеринарно здравство“, инвестициски проект кој има за цел да промовира одржлив и инклузивен регионален развој. (зграда на Општина Кавадарци/ 11:00)

Ново Село – Шефот на делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Дејвид Гир ќе ја посети општина Ново Село.  (пред зградата на општината изјави за медиумите ќе дадат градоначалникот Божинов и амбасадорот Гир/ 13:15)

Скопје - Директорката на  Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска  ќе одржи брифинг за новинари. (Генерална дирекција на УПС, на кат 2, Комплекс банки/ 11:30, без сниматели)

Скопје – Церемонија за доделување грантови на граѓански организации, правни субјекти и неформални групи во рамки на проектот СМАРТ Балкан – Граѓанско општество за поврзан Западен Балкан, во организација на Центарот за истражување и креирање политики – ЦИКП. (Јавна соба/ 10:30)

Скопје – Професионалните здруженија: Здружение на инженери за заштита Тутела, Здружение за заштита при работа на општина Битола и Здружение за безбедност при работа „28 април“ организираат настан на кој ќе се одбележи Светскиот ден за безбедност и здравје при работа. (ресторан „Рагуза 360“/ 10:30)

Скопје – По повод 28 април – Светскиот ден за безбедност и здравје при работа, кој воедно е и Меѓународен ден на комеморација и споменување на сите работници кои своите животи ги изгубија поради повреди на работа и професионални болести, Македонското здружение за заштита при работа ќе засади 22 садници, за бројот на загинати на работно место во текот на 2022 година и ќе го презентира Годишниот извештај на несреќи и повреди при работа. (во паркот на последната автобуска постројка со број 5, Ново Лисиче, Општина Аеродром/ 11:30)

Скопје – Прес-конференција на Борко Ристовски во врска со последната одлука на МОК, и запознавање на јавноста со сите нерегуларности во работата на МОК. (х. „Сити Парк“, конференциска сала/ 11:00)

___________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан