• недела, 23 јуни 2024
МИА Најави МКД

15 јуни 2024 

Скопје - Прес-конференција на Независниот синдикат на здравствени работници и административен технички персонал по повод потпишување на меморандумот за соработка со Здружението на приватни лекари на Република Македонија. (Простории на Конфедерација на синдикалните организации на Македонија - КСОМ, спроти ТЦ Ист гејт / 11:30

Скопје - Настан на ЈП Лајка „Да го разубавиме светот на кучињата, да ја обоиме Лајка"  на кој, под покровителство на Амбасадата на САД во Скопје, повеќе од 50 волонтери ќе ги обојат боксовите и реквизитите во претпријатието и ќе ја уредат околината. (ЈП Лајка / 10:00-14:00

Скопје - Бесплатни дерматолошки прегледи на бенки и промени на кожата денеска и утре во Градски парк, во организација на „dm дрогерие маркт“. (17:00-21:00

Скопје - Дајмонд мол (Diamond Mall) од 15 до 19 јуни организира натпреварувачки Фестивал посветен на модерните и ретро видеоигри.  (Атриум на Дајмонд мол / 12:00-16:00

Скопје - Македонската асоцијација на стилисти за миленици организира „Пролетно модно шоу за миленици 2024“. (Јавна соба / 12:00)

Скопје - Изведба на танцовиот дует „Lounge“ на Марга Алфеирао, Миријам Лукас и Миријана Бененге. (Дансинг сала на МКЦ / 21:00

Тетово - Здружението на Срби и Македонци „Бранко Чајка” од Тетово ја организира четвртата манифестација „Фолклорни игри под Шара“. (Центар за култура „Иљо Антевски-Смок“ / 19:00; Дефиле на културно-уметничките друштва по улиците на Тетово / 17:00

Струга - „По патеката на полскиот соноризам“ е насловен концертот на пијанистката Емилиа Каролина Ситарз и флејтистката Ева Либшен на кој ќе презентираат полски ремек дела од 20 и 21 век. (Центар за култура „Браќа Миладиновци“ / 20:00)

___________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 

Остани поврзан