• среда, 08 мај 2024

МИА Најави МКД

МИА Најави МКД

18 октомври 2023 

Скопје - Седница на Анкетна комисија за скандалот во ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија. (Собрание, Сала „Борис Трајковски“/11:00)

Скопје - Премиерот Димитар Ковачевски, амбасадорот на ЕУ во Република Северна Македонија, Дејвид Гир и заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ ќе ја посетат компанијата „Вивакс“. (ул.„Перо Наков“ бр. 21/10:30, изјави за медиуми по обиколката на производствените капацитети)

Скопје - Министерот за надворешни работи, Бујар Османи и австрискиот покраински министер за европски и меѓународни прашања, образование и човечки ресурси на Штаерска, Вернер Амон ќе потпишат заедничка декларација за соработка меѓу Република Северна Македонија и Покраината Штаерска (Република Австрија) и писмо за намери за пристапување на Северна Македонија во Алпе-Адриа Алијансата.

- Пречек и потпишување заедничка декларација за соработка и писмо за намери за пристапување на Северна Македонија во Алпе-Адриа Алијансата. (Можност за инсерти од медиумите/13:45)

- Билатерална средба (14:00)

- Прес-конференција на Османи и Амон. (можност за поставување 2+2 прашања/14:15)

Скопје - Вицепремиерката Славица Грковска и директорката на IFES во земјава, Јоана Косма ќе присуствуваат на тркалезната маса на тема „Преглед на законската рамка и праксата во назначувањето директори и раководни лица: предизвици и можни решенија“ на која ќе биде презентирана истоимената анализа на истражувачот Миша Поповиќ. (х.„Арка“/10:00)

Скопје - Министерот за животна средина Каја Шукова, претседателот на АДКОМ Пеце Милевски и претседателот на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски ќе присуствуваат на официјалното отворање на меѓународната конференција на тема „Комуналните услуги во паметните градови”. (х.„Александар Палас“, изјави за медиуми/9:30)

Скопје - Панел дискусија на тема „Кинеското влијание врз процесот на пристапување на Западен Балкан во ЕУ: синергии и пречки” во организација на Фондацијата Конрад Аденауер и Здружението за развој на стратегии, истражување, едукација и промоција на меѓународни вредности ЕСТИМА. (Министерството за надворешни работи/11:00)

Скопје - Стопанската комора на Северна Македонија заедно со Меѓународната финансиска корпорација ИФЦ - групација на Светска банка и Националниот совет за медијација-Владино тело ќе одржат конференција на тема „Заеднички кон поголема афирмација на медијацијата во РСМ, заради искористување на сите нејзини бенефити“. (Стопанска комора на Северна Македонија, 5 кат/10:00, изјави за медиумите)

Скопје - Конференција на тема „Немнозинските заедници на патот кон ЕУ интеграција на Република Северна Македонија-Можности и предизвици во преговарачкиот процес“ во организација на Асоцијација Иницијатива за социјална промена - ИнСоК од Гостивар, во партнерство со  Центар за интеграција и поддршка - СИЕК од Скопје и Здружението за права и хуманост  ИНТЕГРА НАУ од Скопје. (х.„Мериот“/10:00)

Тетово - Прес-конференција на Општинскиот инспекторат на Општина Тетово. (Попова Шапка/11:00)

Скопје - Здружението на дерматовенеролози на Македонија, во пресрет на Светскиот ден за одбележување на борбата против псоријаза ќе подели материјал на минувачите за запознавање со оваа болест. (ул.„Македонија“ кај споменикот на Мајка Тереза/11:00, изјави за медиуми/13:00)

Скопје - Црвениот крст на Република Северна Македонија ќе реализира симулациска вежба по прва помош во итна ситуација–земјотрес „Хуманитарен одговор 2023”.  (пристигнување на медиумите Градски парк-Фонтана/до 10:45, Отворање на вежбата/ 11:00,  изјави за медиуми на локацијата Градски парк Фонтана кај МЦМ/11:40)

Скопје - Прес-конференција на Демократското движење. (Седиште на Демократското движење, ТЦ Мавровка, Ламела А, кат 2/12:00)

Тетово - Промоција на Проект за Бесплатна правна помош имплементиран од Совет на Европа. (Пред Градскиот пазар/9:30)

Штип - Директорот на Националната институција Центар за култура „Ацо Шопов“, Горан Трајков и генералната менаџерка на Меѓународниот универзитет за аудиовизуелни уметности Еуропа Прима, Весна Огненовска ќе потпишат протокол за соработка. (НУЦК „Ацо Шопов“)

Скопје - Донаторски настан Тивка аукција „Дела посилни од Болката“ во организација на Здружението за поддршка на Палијативни пациенти и нивните семејства Палиум со поддршка на Здружението Конект во проектот Донирај од срце. (Граѓански ресурсен центар/18:00)

Скопје - Стартап Клуб Скопје ќе го отвори првиот инкубатор од овој вид во нашата држава што нуди континуирана поддршка, менторство и пристап до инвестиции на сите претприемачи со иновативни стартап идеи. (Среќа Бар, во зградата на Американ Колеџ Скопје,Аеродром/19:00)

Липково - Отворање на Општински младински центар во Липково во организација на Центар за интеркултурен дијалог од Куманово. (Дом за култура во село Матејче/11:00)

Скопје - Прес-проекција за филмот „ЛЕНА И ВЛАДИМИР“. (Cineplexx/12:00)

Кочани - Промоција на романот „Ако се родат некакви чувства“ од Блаже Миневски. (Центар за култура „Бели мугри“/18:00)

Скопје - Промоција на списанието “Сум” и трибина посветена на театарската критика. (Друштво на писателите на Македонија/12:00)

Скопје - Отворање на изложбата „Регенерација“ на авторките Ана Ивановска, Христина Зафировска и Маја Кировска.(МКЦ/20:00)

Струмица - Изведба на претставата „Кец на десетка" во режија на Драган Спасов-Дац и Јордан Симонов. (Дом на културата „Антон Панов"/20:00)

Скопје - Изведба на балетската претстава „Есмералда“ од италијанскиот композитор Чезаре Пуњи. (Национална опера и балет/20:00)

___________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан