• понеделник, 25 ноември 2024
МИА Најави МКД

6 април 2023

Скопје - Претседателот Стево Пендаровски ќе ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Сојузна Република Германија во Република Северна Македонија, Петра Дрекслер. (Кабинет на претседателот, сниматели и фоторепортери/13:00)

Скопје - Претседателот Стево Пендаровски, шефот на делегацијата на ЕУ во Република Северна Македонија, Дејвид Гир, министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, министерот за здравство, Фатмир Меџити, министерот за образование и наука, Јетон Шаќири, министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и министерот за транспорт и врски, Благоја Бочварски ќе се обратат на конференцијата „Стратегија за Роми, тек и следни чекори“. (х. „Хилтон“/11:00)

Скопје - Одбележување на Меѓународниот ден на Ромите на кое ќе се обрати претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери. (Кристална сала/12:00)

Скопје - Седница на Законодавно правна комисија. (Сала 6/13:00)

Скопје - Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците ќе одржи работна средба во врска со заклучоците од надзорната расправа на тема „Примената на законските одредби на Законот за неевидентирани лица во матична книга на родени“. (Сала 5/14:00)

Скопје - Mинистрите Љупчо Николовски, Благој Бочварски, Ристо Пенов и Каја Шукова, како и претставници на институции, земјоделски здруженија и фармери ќе присуствуваат на панел дискусијата на тема „Изнаоѓање на решенија за легализација,пренамена и упростување на постапката за добивање на дозволи за градба на објекти за примарна обработка на земјоделски производи-во и вон населено место“ во организација на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Здружението Знак за квалитет со поддршка  на Активноста на УСАИД – Партнерства за економски раст. (х.Александар Палас“, изјави за медиуми во фојае на хотелот/11:30)

Скопје - Изложба по повод  30-тата годишнина од членството на Република Северна Македонија во Обединетите Нации во ко-организација со Државниот архив на Република Северна Македонија, како и во соработка со Националниот Координатор на ОН во Скопје. (Министерство за надворешни раобти/13:00)

Скопје - Институтот за демократија ќе одржи презентација на студијата „Северна Македонија на Европската изборна мапа: колку е пропорционален македонскиот изборен модел?“. (Библиотека „Браќа Миладиновци“/12:30)

Куманово - Регионален настан во општина Куманово во организација на Проект „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“. (Сала на совет (Комитет)/11:00)

Куманово/Скопје - ЦИВИЛ на средби со градоначалниците на Куманово и Центар на кои е предвидено да стане збор за соработка и организирање јавен настан на тема „Граѓански дијалози за предизвиците и перспективите на мултикултурализмот и европските вредности на локално и национално ниво“. (Изјава за медиумите на претседателот на Организацијата, Џабир Дерала по средбата во Куманово/14:30)

Скопје - Прес-конференцијата на портпаролот на Левица, Амар Мециновиќ. (Прес-центар на Левица/11:00)

Скопје - Ново издание на иницијативата ПичПрич на тема „Бев Сама“ во организација на Тиииит!Инк во рамки на фестивалот за промоција на феминистичка култура и акција ПРВО ПА ЖЕНСКО. (МКЦ, кино Фросина/20:00)

Скопје - Отворање на 14. Биенале на млади уметници со наслов „Будења“ („Awakenings“). (Музеј на современата уметност/20:00)

Скопје - Промоција на книгата „Градот и идентитетот - филмски репрезентации“ од авторката Елена Копртла. (Локал „Бруталиск“/18:30)Скопје - Промоција на книгата „ИЗБРАНИ ПЕСНИ“ од класичниот кинески поет Сӯ Шѝ. (Салон 19:19/19:19)

Скопје - Отворање на првата изложба на „Среброрез“ на Боро Митрески-Минта. (Музеј на  Македонија/18:00)

Скопје - Промоција на „Лазороска“, првата фото-монографија и изложба на Игор Цветковски. (Мала Станица/19:30) 

___________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 

Остани поврзан