• сабота, 06 јули 2024
МИА Најави МКД
15 јануари 2020 Скопје - Продолжение на 130. седница на Собранието на Република Северна Македонија. (11:00) Скопје- Седница на собраниската Комисија за еднакви можности на жените и мажите. (Сала „Борис Трајковски“/10:00) Скопје - Седница на собраниската Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство. (Сала 6/11:00) Скопје - Седница на собраниската Комисија за европски прашања. (Сала 10/11:00)

Скопје - Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски ќе ги прими акредитивните писма на Јерн Јелстад, новоименуван амбасадор на Кралството Норвешка за Република Северна Македонија, со седиште во Белград. (Вила Водно/11:00, сниматели и фоторепортери/10:45)

Скопје - Еврокомесарот за проширување и добрососедска политика Оливер Вархеји во посета на земјава. -  Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски ќе го прими еврокомесарот Вархеји. (Вила Водно, /13:30/сниматели и фоторепортери/13:15) - Еврокомесарот Вархеји во Владата ќе биде пречекан од премиерот Оливер Спасовски. (на платото пред владината зграда/14:40)
-Заедничка прес-конференција на Спасовски и Вархеји.  (медија центар на Владата/15:30/медиумите чии фоторепортери и камермани ќе го проследат доаѓањето на еврокомесарот Вархеји на платото пред владината зграда, треба да се во медија центарот не подоцна од 14:30)
- Претседателот на Собранието на РСМ, Талат Џафери ќе одржи средба со еврокомесарот Вархеји. (Сала „Длаборез“/16:15)
Скопје - Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски ќе одржи прес-конференција. (Влада на РСМ, медија центар/10.00)
Скопје - Прес-конференција на Комора на сметководители на Македонија. (Сојуз на стопански комори на Македонија/11:00) Скопје - Јавна расправа по повод Предлогот за изменување и дополнување на Законот за употребата на македонскиот јазик. (Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“, амфитеатар/11:00) Скопје - Промоција на Прирачникот за примена на Законот за употреба на јазиците. (х.„Стоун Бриџ“/11:00) Скопје - Црвен крст на РСМ ќе одржи прес-конференција по повод завршување на акцијата за помош и поддршка на настраданото население од земјотресите кои ја погодија соседна Република Албанија. (Црвен крст, бул.„Кочо Рацин“ бр.13/12:00) Скопје - Градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев и оперативниот директор на Certi Adria, Марко Серафимовски  ќе присустуваат на настан за успешно Мајкрософт сертифицирање на наставниот кадар во Општина Карпош. (Простории на Certi Adria, бул.„Јане Сандански“ бр.71А, Капитол Мол-резиденс/11:00) Струмица - Официјално отворање на Инфо пункт за млади невработени и бизнис секторот во организација на Здружението за локална демократија Центар на Заедницата на општина Струмица  во рамките на проектот „Младите - клуч за иднината на бизнис секторот“. (ТЦ „Глобал“, трети кат/17:00)  Скопје - Поетското читање „Произведувачи на зборот“ што се одржува во чест на стогодишнината од раѓањето на Славко Јаневски, како и информација за активностите околу наградата „Роман на годината“ во организација на Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности. (КИЦ/19:30) Куманово - Изложба на сувенири од стари занаети од кумановскио ткрај. (НУ Музеј Куманово/12:00)

Скопје - Високи претставници ДУИ ќе имаат повеќе активности во општина Чаир.

-Посета на пластичарска улица и посета на Стара Чаршија каде што ќе извршат увид на работите што се одвиваат во Чаршија. (12:00) -Средба со ЕСНАФ-от на Чаршијата. (Занаетчиска комора во Старата Чаршија/13:00) -Работен ручек со претставници на Индустриската Зона - Визбегово (15:00) 

 -Средба со партиската структура и граѓани на Општина Чаир (Големата сала на Општина Чаир/17:00)

 __________________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***  

Остани поврзан