• петок, 27 декември 2024
МИА Најави МКД

6 ноември 2024

Скопје – Процес на самооценка според Заедничката рамка за проценка (ЦАФ) на Собрание на Република Северна Македонија. (Парламентарен институт/ 9:30)

Скопје – Седница на собраниската Комисија за локална самоуправа. (Сала 6/ 11:00)

Скопје – Седница на собраниската Законодавно правна комисија. (Сала 6/ 11:30)

Скопје - Премиерот Христијан Мицкоски ќе ја посети Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ. (12:00, изјава за медиуми во 13:30)

Скопје – Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање ќе учествува на МАРЕС Конференцијата 2024 „Обновливите извори на енергија како најголем дел од енергетската загатка“. (х. „Хилтон“/ 9:00)

Скопје – Вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи ќе присуствува на Регионалната платформа за реформа на јавната администрација Вебер. (х. „Холидеј Ин“/ 10:00, изјави за медиуми/ 9:45)

Скопје – Црвениот крст под покровителство на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски организира Конференција на тема „Зајакнување на помошната улога на Црвениот крст кон властите во кризниот менаџмент“ со цел да се влијае во зацврстување на позиционирањето на организацијата за поефикасно и поефективно спроведување  на хуманитарните операции. (х. „Stone Bridge“/11:00)

Скопје – Министерката за образование и наука Весна Јаневска ќе претседава со конститутивната седница на Националното координативно тело за реформи во високото образование, науката, истражувањето и развојот. (Клуб на пратеници, снимање инсерти/ 12:45, изјави за медиумите во 13:00)

Скопје – Националната конвенција за Европската Унија во Република Северна Македонија (НКЕУ-МК) ќе ја одржи 15-та сесија на Работната група 3 „Правосудство и темелни права“ (Поглавје 23) на тема: „Пристап до правдата: Подигнување на ефикасноста на судските постапки и квалитетот на судската правда“. (Клуб на пратеници/ 9:30)

Скопје – 504-та седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија. (10:00)

Битола – Катедра Аденауер 2024: Проширувањето и Западниот Балкан - Предизвици и можности. (Офицерски дом/ 10:00)

Скопје - Прес-конференција на ДУИ. (Седиште на партијата во Чаир/12:00)

Тетово – Тркалезна маса на тема „Кон најдоброто“ во организација на Аналитичкиот истражувачки центар и Академијата на Алијансата за Албанците. (х. „Меркјуре“/ 18:00)

Скопје – 11-ти „Ерсте инвеститорски појадок“ на кој ќе се обратат Нина Неданоска, заменик-претседател на УО на Шпаркасе Бака АД Скопје, Ана Митреска, вицегувернер на НБРСМ и Рајнер Сингер, раководител на Главни пазари и кредитни истражувања, Ерсте Груп Банк АГ. (х. „Мериот“, Ballroom/ 10:00, пречек од 9:00-10:00)

Скопје – Вебинар на тема „How to Meet German Fruit Buyers' Requirements and Market Trends?“ во организација на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот. (на платформата ZOOM/ 12:30 – 14:00)

Скопје – Социјалниот иновативен стартап „Social Friday“ организира настан „The Big Kickoff“, каде ќе присуствуваат менаџерите за човечки ресурси од поголемите меѓународни и локални компании. (во Културно едукативниот центар „Лабораториум“/ 18:00)

Скопје – Прес-конференција на Претседателството на Проектот за „Стоп на политички прогон“. (Универзитет Скопје, Голема сала/ 14:00)

Скопје – Прес-конференција во организација на Слобода на говорот. (Јавна соба/ 16:00)

Битола – Работилница инспирирана од „Разбуди го родителот во себе“ со проф. д-р Соња Китановска-Кимовска и промоција на книгата. (во Дом „Софија“/ 18:30)

Скопје –  Серијата на проекции на грчки филмови „Ајде да се запознаеме“ почнува со повеќе наградуваниот филм „Мала Англија“. (Кинотека/ 19:00)

Скопје – Промоција на публикација „Доколку постои приказната: Обид за децентрализација на знаењето“ од курарторката и уредничка на изданието Дијана Маринку и уметниците Христина Иваноска и Јане Чаловски. (Центар Јадро/ 19:00)

Скопје – Разговор со поетесата и писателка Виолета Танчева-Златева, чиј роман „Бела Сама“ е книга на месецот во рамки на кампањата „Читаме современи македонски автори“. (Градска библиотека „Браќа Миладиновци“/ 19:00)

Битола – Изложба и свечена академија – 80 години КУД „Стив Наумов“-Битола. (Народен театар / 18:00)

Скопје – ФЛУ Апертура 2024 – изложба на студенти на докторски уметнички студии (трет циклус) на Факултетот за ликовни уметности во Белград. (во Галерија ФЛУ (објект Педагошка) на Факултетот за ликовни уметности, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“/ 20:00)

Скопје – Изложба на слики од Владимир Темков. (Продажен салон на КИЦ/ 20:00)

Македонска Каменица – Прес-конференција на Меѓународниот фестивал „Јаков од Камена Река“ и отворање изложба на македонскиот сликар Родољуб Анастасов. (во фоајето на КИЦ „Романса“/ 13:00)

__________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан