• петок, 22 ноември 2024
МИА Најави МКД

5 април 2024 

Скопје - Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ќе оствари работна посета на СВР Скопје. (Изјава за медиумите пред Секторот за внатрешни работи/12:30)

Скопје - Македонското лекарско друштво организира свечен собир по повод Светскиот ден на здравјето. (х.„Холидеј ин“/12:00)

Скопје - Прес-конференција на Конфедерација на синдикални организации на Македонија (КСОМ) и Синдикатот на приватен административен и јавен сектор (СПАЈС). (Простории на КСОМ кај ЈКП Комунална хигиена/11:15)

Скопје - Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, ќе изврши увид во отпочнувањето градежни активности за поставување фекална канализација на ул.„Радушка". (Крак 4, кај ул.„Знеполе" до патот за гробишта/13:45)

Скопје - Прес-конференција за претстојниот Регионален натпревар во пливање, во рамките на проектот на Обединетите нации „Младите за инклузија, еднаквост и доверба“ во организација на Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА) во Северна Македонија, во соработка со Специјалната Олимпијада. (Europe House/11:00)

Тетово -  Советот на Општина Тетово ќе одржи вонредна седница. (Општина Тетово/16:30)

Скопје - Крос трка на деца од градинки по повод Меѓународната недела на здравјето во организација на Детскиот културен центар „Карпош’’. (Тартан патека во Градскиот парк/11:00)

Скопје - Комеморација за Мирко Попов - музичар, композитор, текстописец, диџеј, издавач и продуцент.  (Македонска филхармонија, мала сцена/11:00)

 

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024:

Скопје - Кандидатот за претседател на Европскиот фронт, Бујар Османи, ќе одржи отворена дискусија на тема: „Членство на Северна Македонија во ЕУ, до 2030 година“ со учество на академски претставници, студенти и невладини организации. (Двор на Националната универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“/11:00; Кандидатот за претседател ќе одржи прес-конференција по настанот (11:30)

Скопје - Прес-конференција  на Коалицијата „ВРЕДИ“. (Канцеларија кај плоштадот „Скендербег“ / 12:00

Пробиштип/Штип - Кандидатот за претседател Стево Пендаровски од СДСМ ќе ги посети општините Карбинци (17:30) и  Пробиштип (18:30) и ќе има централен митинг во Штип (20:00)

Вевчани/Струга/Ресен - Кандидатот за претседател од  ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска-Давкова ќе ја презентира програмата во Вевчани, Струга и Ресен. (17:00/18:30/20:30)

Берово/Делчево/Македонска Каменица/Виница/Кочани - Кандидатот за претседател на Движењето ЗНАМ - За наша Македонија, Максим Димитриевски ќе ја презентира програмата под наслов „Манифест за Македонија“.  (Во зависност од временските услови - во затворен објект или на отворено/ 11:00/ 14:00/ 17:00/ 18:00/ 19:30)

Скопје - Прес-конференција на политичката партија АВАЈА. (х.„Мериот“/11:00)

_______________________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 

 

Остани поврзан