• петок, 22 ноември 2024
МИА Најави - МКД

11 декември 2023 

Скопје – Седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет. (Собрание, сала „Борис Трајковски“/13:00)

Скопје – Собраниската Комисија за одбрана и безбедност ќе одржи две седници. (Голема купола/9:30/Сала 6/11:00)

Скопје – Заедничка седница на собраниската Комисија за европски прашања и на Националниот совет за евроинтеграции. (Собрание, сала „Борис Трајковски“/11:00)

Скопје - Претседателот на Владата Димитар Ковачевски заедно со министерот за здравство, Фатмир Меџити и министерот за образование и наука, Јетон Шаќири ќе присуствуваат на презентација на нова апаратура за генетско испитување при МАНУ.  (10:30/По завршувањето на настанот планирани се изјави за медиумите)

Куманово - Mинистерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски, заедно со дел од раководството на МВР ќе оствари работна средба со раководствата на СВР Куманово, СВР Тетово и РЦ Север. (Во просториите на СВР Куманово/9:30)

Куманово - Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, директорот на Транспортната заедница, Матеј Закоњшек, и директорот на ЖРСМ Инфраструктура, Зоран Трифуновски, ќе извршат увид во изградба на пругата на Коридор 8, делница Куманово-Бељаковце. (Изјави за медиуми во 10:15 часот на железничка станица Ново Куманово)

Куманово - Завршна трибина во рамки на кампањата „Ние сме Европа“ на која ќе се обратат претседателот на Владата Димитар Ковачевски, вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, Заменик на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, министерот за финансии Фатмир Бесими и амбасадорот на Европската Унија Дејвид Гир и амбасадорка на Сојузна Република Германија Петра Дрекслер. (Дом на Култура „Трајко Прокопиев“/18:00/ Настанот ќе се емитува во живо на YouTube каналот: MK - https://youtube.com/live/urSw89zdcwk/ALB - https://youtube.com/live/3UD2vagUVbE)

Кочани - Заменик претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, заедно со министерката за животна средина и просторно планирање, Kaja Шукова и заменик министерката за здравство, Маја Манолева, во посета на Кочани. (Изјави за медиумите во село Спанчево/ 10:15)

Скопје – Панел дискусија „Придобивките од Берлинскиот процес за Северна Македонија: Осврт на сработеното во делот на заедничкиот регионален пазар со фокус на роамингот“ во организација на Институтот за Демократија (ИДСЦС). (х. „Холидеј Ин“/10:00)

Штип - Обраќање на градоначалникот Иван Јорданов по повод добивање на признанието - Штип европски град на спортот за 2024 година. (Големата сала на советот на Општина Штип/12:00)

Скопје - Трибина „Безбедност и спорт“. (Голем амфитеатар на Факултетот за безбедност/13:30)

Скопје – Промоција на кандидати кои докторирале на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. (УКИМ/12:00) 

Скопје - Изјава за медиуми на претседателите на Единствена Македонија и Сојузот на пензионери - пензионери за достоинствен живот, Јанко Бачев и Драган Угриновски.  (Парк спроти Собранието/ 12:00)

Скопје – Изложба Цвеќиња на мирот по повод 77 години постоење на УНИЦЕФ и 78 години од донесување на Универзалната декларација за човекови права од страна на Генералното Собрание на Обединетите нации на познатиот уметник и хуманист Живко А. Поповски – Цветин. (Кинотека/12:00)

Скопје - Меѓународна Ex Libris изложба Скопје 2023. (КИЦ, Салон Империјал/20:00)

___________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан