• петок, 27 септември 2024
МИА Најави МКД

15 август 2024 

Скопје - Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши ќе одржи средба со амбасадорот на Босна и Херцеговина, Драган Јаќимовиќ. (Собрание на РСМ, стар кабинет/10:30)

Свети Николе - Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски ќе додели договори за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост. (Општина Свети Николе/11:00, изјави за медиумите по доделувањето на договорите)

Скопје - Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски  и амбасадорот на мисијата на Европската Унија, Дејвид Гир ќе одржат промоција и потпишување на Грант договор за формирање на прв Национален центар за побезбеден интернет - MkSafeNet во рамки на програмата за Дигитална Европа. (Просториите на Европска куќа /9:00, изјави за медиумите/9:40)

Скопје - Завршна конференција „Влијанието на младите врз креирање одржливи политики“ во рамките на проектот „Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата“ поддржан од Европската Унија, во организација на Коалиција СЕГА. (х.„Панорамика“/11:00, изјави за медиумите/10:50)

Скопје - Директорот на Управата за извршувањето на санкции, Александар Пандов и директорот на КПД Идризово, Зоран Јовановски ќе присуствуваат на пуштање во употреба на реновираниот дел на затворот, таканареченото „петто крило“. (КПД Идризово/9:00)  

Скопје - Прес-конференција на претставници на граѓански организации и независни граѓански иницијативи во врска со измените на Законот за урбанистичко планирање по скратена постапка кои беа донесени во Собранието без претходна јавна консултација и расправа. (Парк Жена борец пред Собранието/11:00)

Кавадарци - Промоција на романот „Единствен матичен број“ од Лидија Димковска. (Дом на културата „Иван Мазов-Климе“/20:00)

 

_______________________________________________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан