• сабота, 19 септември 2026
МИА Најави МКД

19 септември 2026

Скопје - Отчет на избраните и именувани функционери на Движењето ЗНАМ со работен наслов: „Две години работа. Две години резултати. Една љубов - Македонија!“. (МКЦ, кино „Фросина“/12:30)

Скопје - Едукативна трибина под мотото „Заедно за рано откривање, заедно за живот“ во организација на Општина Кисела Вода, во соработка со Здружението „ХЕМА-ОНКО“. („Парк на бранители“ во населбата Драчево/13:00)

Скопје - Црвениот крст на Република Македонија – Општинска организација Карпош, во соработка со Зоолошка градина Скопје, организира крводарителска акција. (Едукативен центар на ЗОО Скопје/11:00-18:00)

Скопје - „Циркулариум“, настан посветен на повторната употреба, поправка, размена, рециклирање. (Катна гаража Скопје Сити мол/12:00)

Битола - Свечено отворање на Интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“. (Центар за култура/20:00)

Скопје - Промоција на книгата „Раскинување на договорот“ од Сотирис Минас. (Книжарница на „Матица“, бул. „Св. Климент Охридски“ бр. 23, изјави за медиумите/11:50)

Сплит - Отворање на изложбата „Пикасо, можеби јас 2 +“ на Филип Фиданоски. (Македонско културно друштво „Македонија“/19:00)

Скопје - Изведба на балетската претстава „Шехерезада“ од Николај Римски-Корсаков. (Македонска опера и балет/20:00)

Скопје - Микрофестивал „Бостание“, посветено на темата „Вкоренување“. (Општествена градина „Бостание“/14:00)

Скопје - Меѓународен детски фолклорен фестивал „Оро без граници“. (Градски парк, Школка/19:00)

Скопје - Манифестацијата „Кино на отворено“ во организација на Општина Кисела Вода, во соработка со Кинотека на Република Македонија и со „Киноверзум“. (Парк „Македонија“ во близина на Домот на културата „Билјана Беличанец“/19:00)

Скопје - Концертна промоција на новата поетска збирка „Пружини“ од Пијан Славеј. („Цреша бар“/20:30)

___________________________________________________________________

МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини