14 јули 2025
Скопје - Седница на Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика (Сала 4/13:00)
Скопје - Седница на Комисијата за финансирање и буџет (Сала „Борис Трајковски“/12:00)
Скопје - Програмата и приоритетите на данското претседателство со Советот на ЕУ ќе бидат презентирани пред Националниот совет за евроинтеграции и Комисијата за европски прашања (Собрание на РСМ, Голема купола/12:30)
Скопје - Премиерот Христијан Мицкоски, министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска и директорот на Царинска управа Бобан Николовски ќе се обратат на настанот „Една година резултати“ на кој ќе бидат презентирани резултатите од работата на Царинската управа во текот на изминатата една година. (во дворот на Царинската управа/10:30, медиумските екипи да пристигнат до 10:20 часот)
Скопје - Националната конвенција за Европската Унија во Северна Македонија ќе биде домаќин на 17. сесија на Работната група 4 – Правда, слобода и безбедност (Поглавје 24) во организација на Европското движење, а тема на настанот е „Ефикасноста на институционалниот одговор во Република Северна Македонија на препораките на ЕУ за конфискација и управување со имот стекнат од криминал“. (Клуб на пратеници /09:30 - 14:00)
Скопје - Гала концерт на Вејчеслав Поповски насловен „Хармонија во три стила: класика, филм и корен“ во рамки на „Скопско лето“. (Македонска филхармонија/20:30)
Скопје - Концерт на Националниот џез оркестар и реномираниот американски саксофонист и композитор Дони МекКаслин. (МНТ/21:00)
___________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***