• петок, 19 април 2024
МИА Најави МКД

27 мај 2023

Скопје – Премиерот Димитар Ковачевски ќе присуствува и ќе се обрати по повод отворањето на хибридна сала на Универзитетската клиника за Државна кардиохирургија. (Универзитетската клиника за Државна кардиохирургија, кат 2/ 11:00)

Струга – Министерот за образование и наука Јетон Шаќири ќе го посети СОУ „Ибрахим Темо“ во Струга, по повод почеток на полагањето на државната матура во учебната 2022/2023 година. (10:00)

Скопје – Симпозиум по естетска медицина со меѓународно учество, на кој со свои трудови ќе настапат авторитетни имиња од областа кои доаѓаат од пет земји во регионот и од Шпанија. (х. „Лимак“/ 9:30)

Струмица – Панел дискусија: „Каматни стапки и инфлација – каде е линијата на хоризонтот?“, што се одржува во рамки на 28-то Годишно собрание на АЦИ Македонија ЗФП. (х. „Сириус“/ 12:30)

Скопје – Прес-конференција на градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски. (во просториите на општина Гази Баба, барака бр. 6/ 11:00)

Битола – Промоција на нобеловецот, професор д-р Ден Шехтман од Израел, во почесен професор на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола. (Офицерски дом/ 10:00)

Скопје – Традиционална манифестација „Избор на најуспешни жени менаџери“ со регионален карактер и „Марили Бизнис Форум“. (х. „Панорамика Дизајн Хотел“/ 10:00 – 16:00)

Прилеп – Изведба на музичко-драмскиот перформанс „Црнила ремикс“ во режија на Јордан Симонов. (на Могилата на непобедените/ 21:00)

Скопје – Концерт на Richard Zalai и ONAKOM. (во Галерија МКЦ/ 20:00)

Штип – Прв Македонски фестивал на Хип Хоп музика и Урбани култури со име Од А до Штип! (Дом на млади/14:00 – 18:00 и 20:00 – 1:00)

Отешево – Промоција на книгата „Дијабетесот, депресијата и важноста од психолошка поддршка“ од м-р Биљана Солунчевска. (х. Lakeview/ 12:00)

Скопје – Фудбалски активности кои ќе се одржат во рамки на одбележувањето на „Европската Недела на Фудбал“ на Специјалната Олимпијада (Special Olympics). (Фудбалско игралиште СУГС „Орце Николов“/ 9:30 – 13:30)

___________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан