• вторник, 19 ноември 2024

МИА Најави МКД

МИА Најави МКД

15 септември 2023 

Скопје - Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери ќе одржи протоколарна средба со новоименуваниот амбасадор на Република Австрија, Мартин Памер. (Стар кабинет/10:00)

Скопје - Собраниската Комисија за одбрана и безбедност ќе ги одржи 51-та и 28-та седница. (Сала 4/11:30/12:00)

Скопје - Законодавно правната комисија ќе одржи три седници, 209-та и 106-та (Сала 4/13:00) и 208-та седница (Сала „Борис Трајковски“/13:30)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. (Сала „Борис Трајковски“/13:00)

Скопје - Делегација на проектот генерациски и кулуролошки разлики помеѓу македонските и финските Роми, поддржани од Еразмус програмата ќе одржи средба со Интерпартиската парламентарна група за поддршка на правата на Ромите, нивна инклузија и интеграција во Република Северна Македонија. (Собрание на РСМ, Сала 6/13:00)

Скопје - Премиерот Димитар Ковачевски, министерот за финансии Фатмир Бесими и еврокомесарот за буџет Јоханес Хан ќе се обратат на конференцијата Скопски економски и финансиски форум (СЕФФ) на тема „Европа – ДА, Европа – СЕГА“ во организација на Министерството за финансии.(х.„Хилтон“/9:30)

Прилеп - Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски ќе се обратат на трибината „ЕУ за развој на македонското земјоделство“ во рамки на кампањата „Ние сме Европа“. (Центар на Прилеп - Камена бина/18:00)

Струмица - Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска ќе додели дозвола за вршење дејност од социјална заштита на давателот кој ќе ја спроведува социјалната услуга – Центар за дневен престој на деца со попреченост со индивидуален третман во општината Струмица. (ул. „Гоце Делчев" бр. 54А, Струмица (кај поранешното средно училиште „Јахја Кемал“/13:00)

Скопје - Прес-конференција на ЈЗУ УК за Државна Кардиохирургија. (На Клиниката за кардиохирургија/ 9:30)

Струмица - Во пресрет на 20 Септември – Светскиот ден за подигнување на свесноста за растот кај децата ќе се одржи настан за реактивирање на кампањата за рано откривање на децата со нарушен раст, која што ќе се спроведе во сите детски градинки во државава. (Детската градинка ,,Виножито”/10:30)

Скопје -  Свеченото стапување на должност на новоизбраниот ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ проф. д-р Биљана Ангелова. (Аула на Универзитетот/11:00)

Скопје - Отворање „Соларен саем“ за обновливи извори на енергија во организација на „Македонската Соларна Асоцијација“ и Скопје Сити Мол. (Главен влез на Скопје Сити Мол, главен влез/12:00)

Пробиштип - Официјално пуштање во употреба на новата фотоволтаична централа „ТАБ МАК“. (улица „Македонски Револуционери“, бр.50/11:00)

Скопје -  Со филмот „Следната врата“ во режија на германскиот актер Даниел Брил почнуваат Деновите на германскиот филм. (Кинотека/20:00)

Скопје - Промоцијата на романот „Мина“ од Игор Анѓелков. (Кафе-книжарница „Буква“/19:00)

Скопје - Промоција на романот „Рудникот“ на Миодраг Мајиќ во склоп на фестивалот АртАреа/ Артерија. (Кафе-книжарница „Буква“/20:00) 

Скопје - Отворање на изложбата „Химна сред урнатини“ на Ѓорги Митревски. (Мобилна/Монтажна галерија на Центарот за современи уметности, Парк на Франкофонијата/20:00)

Скопје - Фестивал „Звукот на Скопје“? во организација на Културно информартивен центар - Скопје. (Плоштад „Мајка Тереза“ (плато пред МОБ), паркот Ибни Пајко, Кулпарк (пред КИЦ) и Продажен салон КИЦ/20:00)

 

__________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини*** 

 

 

 

 

 

Остани поврзан