21 април 2026
Скопје - Сесија на Комисијата за еврoпски прашања. (Сала „Борис Трајковски“/10:00)
Скопје - Седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет. (Сала 4/12:00)
Скопје - Клубот за младински прашања и политики ќе одржи средба со претставници на Вестминстер фондација за демократија. (Сала на Уставна комисија/12:00)
Скопје - Седница на Постојана анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот. (Сала „Борис Трајковски“/13:00)
Скопје - Министерката за образование и наука Весна Јаневска ќе се обрати на креативен и едукативен настан наменет за ученици од основните училишта во Скопје - „Зеленикс – од предизвик до иновација“, во организација на Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво – ИНОВА. (МКЦ/8:30, изјави за медиумите/11:20)
Скопје - Стручна конференција посветена на туристичкиот сектор и поврзаните индустрии. (х.„Холидеј ин“/9:00)
Скопје - Македонското невролошко здружение ќе го одбележи Националниот ден на мигрената под мотото: Мигрената е повеќе од главоболка. (Деканат на Медицинскиот факултет, голема сала/12:00)
Скопје - Прес-конференција по повод прославата на 80-годишнината на театарот и праизведбата на Мачкина глава. (Драмски театар/10:00)
Скопје - Брифинг по повод отворањето на Саемот на книга 2026. (Кафуле „MOIA“/11:00)
Битола - Прес-конференција за ново издание на Интернационален фестивал на монодрама. (Центар за култура/11:00)
Скопје - Авторска вечер со Борис Постников, еден од најпознатите хрватски книжевници, колумнисти и критичари од средната генерација. (Културно-социјален простор Јадро/19:30)
Скопје - Изложба на карикатури од членови на Хрватското друштво на карикатуристи. (Галерија ОСТЕН/19:00)
Скопје - Под покровителство на Министерството за спорт, Скопје ќе биде домаќин на Светското училишно првенство во ракомет за средношколци. (Плоштад Македонија/19:30)
_________________________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***