• петок, 21 јуни 2024
МИА Најави - МКД

3 април 2023

Скопје - Собранието на Република Северна Македонија ќе ги одржи 91-та, 100-та, 103-та и 106-та седница. (Сала „Македонија“/12:00, 12:15, 12:30, 12:45)

Љубљана - Премиерот Димитар Ковачевски во официјална посета на Република Словенија, заедно со  министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.
 
- Ковачевски ќе има тет-а-тет средба со неговиот словенечки колега Роберт Голоб. Предвидено е потпишување заедничка декларација за зајакнување на соработката меѓу Република Северна Македонија и Република Словенија, по што ќе се одржи и прес-конференција на двајцата премиери (линк).
 
Рим - Министерот за надворешни работи Бујар Османи ќе учествува на министерскиот состанок за Западен Балкан.
 
Гевгелија - Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски ќе биде во работна посета на Гевгелија, каде ќе биде извршена прелиминарната електронска распределба на социјалната зграда во Гевгелија. (Народен театар-Гевгелија/11:00)
 
Скопје - Дебата „Македонскиот евроинтеграциски пат - градење на партнерства и преземање на позитивните искуства“ во организација на Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) во соработка со YES Alumni – Програма поддржана од Стејт департментот на САД. (American Corner во Скопје, Економски факултет при УКИМ / изјави за медиумите во 12:30)
 
Скопје -  Трибина „Македонскиот драмски автор на сцената на МНТ“. (Мала сцена на МНТ/12:00)
 
Скопје - Свечено отворање на интерактивна изложба „Вселена.Човек.Интелигенција“. (Културно информативен центар/10:00)
 
Скопје - Промоција на книгата „Ѓорѓи Доневски - доајен во зачувувањето на фолклорното творештво од Егејска Македонија“ од проф. д-р Наташа Диденко. (Салон 19:19/ 19:00)
 
Тетово - Здружението за подигање на психо-социјалната свест „IMAGO PLUS“, со поддршка на Општина Тетово, ќе организира настан по повод Меѓународниот ден на аутизмот. (ново училиште „Наим Фрашери“ во Мала Речица/13:00)
 
Скопје - Самостојната изложба „ВРАМЕНА РАЗЛИЧНОСТ“ од Мартин Џепароски. (Порта „Македонија“/19:00)

___________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 

Тагови

Остани поврзан