• недела, 22 декември 2024

МИА Најави МКД

МИА Најави МКД

26 септември 2024 

Скопје - Претседателот на Собранието, Африм Гаши, ќе одржи неформална средба со претставници на медиумите, на која ќе се разговара за тековните и идните активности на Собранието. (Сала на Уставна комисија/10:00)

Скопје - Претседателот на Собранието, Африм Гаши ќе одржи средба со Рита Колумбија, постојана координаторка на Обединетите нации. (Стар кабинет/13:00)

Скопје - Прес-конференција на пратеникот Сали Мурати. (Прес-центар/11:00)

Скопје - Потпретседателот на Собранието и претседател на Комисијата за европски прашања, Антонио Милошоски и претседателката на Пратеничката група на Собранието за соработка со Парламентите на балтичките земји, Моника Зајкова ќе одржат средба со Ингрида Левренс, заменик-државна секретарка за европски прашања и шефица на Директоратот на ЕУ. (Сала на Уставна комисија/11:30)

Скопје - Седница на Постојана анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот. (Сала „Борис Трајковски“/12:00)

Охрид - Претседателот на Владата на Унгарија, Н.Е. Виктор Орбан  во дводневна официјална посета на Република Северна Македонија.

Скопје - Прес-конференција на првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити и директорката на Државниот инспекторат за животна средина Ивана Гиновска. (Министерство за животна средина и просторно планирање, 8 кат/11:30)

Скопје - В.д. амбасадорката на САД во Република Северна Македонија, Никол Варнс , заменик министер за финансии, Николче Јанкуловски, министерот за локална самоуправа Златко Перински и претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, ќе се обратат на Форумот „Стратегии за соработка во одржливо мобилизирање на ресурсите и децентрализација“. (х.„Александар Палас“, конгресна сала 4/11:00)

Скопје - Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ќе го одржи третиот јавен состанок за 2024 година. (АВМУ/12:00)

Охрид - XVII Меѓународна научна конференција за услужен сектор (International Scientific Conference on Services Sector – INSCOSES 2024), која ја организира Факултетот за туризам и угостителство - Охрид.

Битола - ИФФК „Браќа Манаки“ – програма:

- Фестивалска прес-конференција. (Офицерски дом/10:00)

- Панел: „Моќните жени на Манаки“. (Кино Манаки/11:15)

- Откривање ѕвезди на лауреати. (Широк сокак/15:00)

Скопје - VIII студиски ден на Институтот за национална историја, на тема „Македонија низ објективот на Арсени Јовков“, која ќе биде презентирана од Валентина Миронска-Христовска. (Институт за национална историја/12:00)

Скопје - 52. сесија на Клубот на истражувачите на која ќе биде презентиран трудот: „Дали платите го одразуваат растот на продуктивноста? - Споредба меѓу европскиот исток и запад“ од авторите Треновски, Б., Глигорич, Д., Кожески, К., Мерџан, Ѓ. (Народна банка/14:00)

Скопје - Прес-конференција на Иницијативниот одбор на Проектот за стоп на политичкиот прогон. (Универзитет-Скопје, голема сала/11:00)

Скопје - Средба на превозници манифестација од повеќе активности. (ресторан „Потковица“, Хиподром/12:30)

Велес - Прес-конференција по повод овогодинешното издание на ИФАД „Стоби“. (Простории на театарот Јордан Х.К-Џинот“/11:00)

Скопје - Отворање на изложбата на реномираните уметници Дан и Лиа Пержовски. (Музеј на современата уметност/20:00)

Дуборвник - Оркестарот на Македонската филхармонија ќе одржи концерт на сцената на „Кнежев двор“. 

Скопје -  Cevahir Mall Business Run 2024, штафетна трка за тимови од македонскиот бизнис сектор во организација Здружението за спорт и рекреација Прв до врв во соработка со Џевахир Мол Скопје.

_________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 

Остани поврзан