• сабота, 25 мај 2024
МИА Најави МКД
2 февруари 2020
Струга - Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски ќе одржи прес-конференција по повод реконструкцијата на базенот во дворот на ООУ „Браќа Миладиновци“ во Општина Струга. (Изјава за медиуми /11:30)
Скопје - Демократскиот сојуз ќе одржи  трибина на тема „Мафијата и загадувањето“ на која свои излагања ќе имаат претседателот Павле Трајанов, генералниот секретар Зоран Димитровски и Невена Георгиевска претставник од граѓанската Иницијатива О2. (Сала „Борис Трајковски А1 Арена“, конференциска сала /12:00) Скопје - Ректорот на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, проф. д-р Аце Миленковски ќе се обрати на промоцијата на единаесеттата генерација дипломирани студенти на прв циклус студии и деветата генерација магистрирани студенти на втор циклус студии на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје. (Национална опера и балет /19:00)
  ________________________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан