• вторник, 02 јули 2024
МИА Најави МКД
11 март 2020 Скопје - Претседателот Стево Пендаровски ќе ги прими акредитивните писма на новоименуваните амбасадори на Република Куба и на Арапската Република Египет во Република Северна Македонија. (Вила Водно, сниматели и фоторепортерти за церемонијата на предавање на акредитивните писма од страна на новоименуваниот амбасадор на Република Куба/9:45, за церемонијата на предавање на акредитивните писма од страна на новоименуваниот амбасадор на Арапската Република Египет/10:45) - Предавање на акредитивните писма од страна на Каридад Јамира Кието Милиан, новоименувана амбасадорка на Република Куба, со седиште во Софија. (10:00) - Предавање на акредитивните писма од страна на Калид Ибрахим Емара, новоименуван амбасадор на Арапската Република Египет, со седиште во Софија. (11:00) Скопје - Стопанска комора на Македонија (Здружение на угостителството и туризмот), Туристичко-угостителска комора на Македонија (Сoјуз на стопански комори на Македонија), Стопанска комора за туризам на Македонија, Здружението на хотели, ресторани, кафетерии и автокампови - ХОТАМ и Националната асоцијација за дојдовен туризам - НАИТМ ве поканува на прес-конференција на тема „Мерки за ублажување на штетите од корона вирусот врз туристичко угостителскиот сектор“. (х.„Холидеј ин“/11:00) Скопје - Центарот за развој на медиуми ќе одржи презентација и јавна дискусија за наодите од Извештајот од мониторингот на медиумските реформи и работата на АВМУ и МРТ во 3-от и 4-от квартал од 2019 година, подготвен во рамките на проектот „Мониторинг и политики за реформиран медиумски сектор“. (х.„Бест Вестерн Турист“,сала „Амбасадор“/10:00) Скопје - Панел дискусија на тема  „Жртви на режимот – сведоштва и слики“ во организација на ЦИВИЛ. (Парк Хотел зад Градскиот стадион/12:00) Скопје - Синдикатот на  работниците за сообраќај и врски ќе одржи прес-конференција. (Синдикат на железничарите на РСМ, Нова железничка станица, просторија бр.711/10:30) Скопје - Конференција  „Предизвиците во образованието на учениците со нарушувања од спектарот на аутизмот“. (Совет на Град Скопје/9:30, предвидено време за медиуми 10:15-10:30) Тетово - Претседателот на ДПА, Мендух Тачи ќе оствари средба со амбасадорот на Република Косово Ѓерѓ Дедај. (Седиште на партијата/11:00) Скопје - Потпишување договор за коалициска настап на Единствена Македонија, Фронт за демократска Македонија, Тврдокорни, Унија на ветерани на ВМРО 1990, Фракција на ВМРО-ДПМНЕ, ЗДМ. (седиште на Единствена Македонија на ул. Даме Груев бр. 10/11:55). Скопје - Промоција на дизајн-книгата „Social Inclusion“ и проекција на краткометражниот документарен филм насловен “Include, Not Exclude”, a во рамки на проектот „Вклучи, не исклучувај“ - 12. Скопје постер фестивал. (МКЦ/17:00) ___________________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***  

Остани поврзан