МИА Најави МКД (ДПЛ)
- 10 октомври 2025
10 октомври 2025
Скопје - Претседателот на Собранието, Африм Гаши ќе одржи средба со претставници од Habitat for Humanity од САД. (Сала на Уставна комисија/14:30)
Скопје - Втора седница на Интерпартиската парламентарна група за следење на напредокот на Националната развојна стратегија. (Сала 5/11:00)
Скопје - Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, ќе ја посети Општина Ѓорче Петров, каде што, заедно со градоначалникот Александар Стојковски, ќе разговараат за процесот на дигитализација на општинските услуги, како и за воспоставување бесплатни Wi-Fi зони. (Изјава за медиуми / 14:00)
Скопје - Одбележувањето на Светскиот ден на менталното здравје во организација на Универзитетската клиника за психијатрија. (Плоштад „Македонија“/11:00)
Скопје - Министерот за култура и туризам Зоран Љутков заедно со градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски ќе изврши увид во реконструкцијата на Домот на културата „11 Октомври“ во скопската населба Ченто. (11:00, изјави за медиуми/11:15)
Скопје - Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ) организира настан под наслов „Едно поинакво кафе“. (Клуб на пратеници/10:00)
Скопје - Меѓународен симпозиум „Рак на дојка - Современи пристапи“ во организација на Здружението Езра и Аџибадем Систина. (х.„Хилтон“/9:30, изјави за медиумите/11:15)
Скопје - Македонската академија на науките и уметностите ќе го одбележи на Денот на академијата. (МАНУ/12:00)
Скопје - Книжевен фестивал Друга приказна. (Културен центар „Јадро“/12:00)
Скопје - Отворање на изложбата "IMAGINATION" од Александра Вељановска. (Галерија „КО-РА“ - мал салон/18:00)
Скопје - Отворање на изложба „Приказни од замислен град“. (Галерија ФЛУ на Факултетот за ликовни уметности при УКИМ во Скопје - објект Педагошка/19:00)
Скопје - „Креативна есен во срцето на градот“ - Есенски базар за поддршка на современите занаетчии. (Скопје Сити Мол)
Скопје - Изведба на операта „Риголето“ од Џузепе Верди. (Национална опера и балет/20:00)
Куманово - Прва вечер од Арт Атак фестивалот. (Занаетчиски дом/19:00)
Битола - Свечено затворање на фестивалот на класична музика „Интерфест“. (Офицерски дом/20:00)
Скопје - Натпревар за млади музичари и бендови со авторска музика „Imagine Македонија“ 2025 во организација на Музичка младина на Македонија. (Младински културен центар/19:00)
Скопје - Концерт на Ламбе Алабаковски. (Јавна соба)
Локални избори 2025:
Дојран/Валандово/Богданци/Гевгелија - ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе одржат средби со граѓани во Дојран (16:00), Валандово (17:30), Богданци (19:00) и во Гевгелија (20:30)
Скопје/Брвеница - Караванот на СДСМ е во Сопиште (17:30), Брвеница (17:30), Ѓорче Петров (18:30) и во Гази Баба (20:00)
Скопје - Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, ќе одржи прес-конференција. (Општина Кисела Вода, во Расадник, на крстосницата меѓу улиците Христо Татарчев и Анте Поповски, во близина на кафулето Кватро/https://maps.app.goo.gl/xvBFYCUr5tdz114J6?g_st=ip/11:00)
Скопје - Кандидатката за градоначалничка на Град Скопје од СДСМ и Коалицијата Каја Шукова ќе даде изјава за медиумите во Стара скопска чаршија. (Кај споменикот на Скендербег/11:30)
Битола - Лидерот на Левица Димитар Апасиев, пратеничката Јована Мојсоска и носителот на листа Горан Велевски на средба со граѓани во Битола. (пред Офицерски дом/19:00)
Скопје - Прес-конференција на кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Амар Мециновиќ на која ќе ја презентира визијата за транспарентност и дигитализација на Градот. ( градски парк пред фонтана „Лотос”/13:00)
Скопје - Промоција на кандидатот за градоначалник на општина Гази Баба, предложен од Работничката партија, Тоне Димковски. (населба Ченто, кај црквата Св. Лидија Македонска/12:00)
Скопје - Прес-конференција на Движење Слободни и независни (Слободоумни и финансиски независни). (Пред седиштето на Државната изборна комисија, бул. „Св. Кирил и Методиј“ бр. 54/10:30)
Скопје - Прес конференција на кандидатот на ВЛЕН за градоначлник на Општина Чаир, Изет Меџити. ( Плоштад „Скендербег“ - Штаб на ВЛЕН/ 12:00)
Скопје - Прес-конференција на кандидатот за градоначалник на Општина Чаир од Националната алијанса за интеграција (НАИ) Бујар Османи. (Чаршија - во близина на паркингот на х. Буши/11:00)
Скопје - Прес-конференција на потпретседателот на ДУИ Арбер Адем и кандидатот за градоначалник на Општина Липково Еркан Арифи. (Во седиштето на Демократската унија за интеграција/ 12:00)
_______________________________________________________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***