МИА Најави МКД (ДПЛ)
- 9 декември 2025
9 декември 2025
Скопје - Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова ќе го прими американскиот командант на Националната гарда на Вермонт, генерал-мајор Грегори Најт и на свечена церемонија ќе го одликува со Орден за воени заслуги. (Вила Водно, медиумски екипи во 13:40)
Скопје - Собранието на Република Северна Македонија ќе ја одржи 73. седница. (Сала „Македонија“ / 11:00)
Скопје - Седница на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот. (Собрание, сала „Борис Трајковски“ / 12:00)
Скопје - Командантот на Националната гарда на американската сојузна држава Вермонт, генерал-мајор Грегори Најт, во официјална посета на Република Северна Македонија и на Армијата.
-По пречекот со високи воени почести, генерал-мајор Грегори Најт ќе оствари средба со началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, и со министерот за одбрана Владо Мисајловски (официјален пречек со воени почести пред зградата на Генералштабот на Армијата / 10:00; сниматели и фоторепортери да пристигнат најдоцна до 09:40)
Скопје - Фондот за здравствено осигурување организира брифинг со новинари (ФЗО / 11:30; по завршување на брифингот, генералниот директор на ФЗО, Сашо Клековски, ќе даде изјава за медиумите)
Скопје - Седница на Совет на јавни обвинители на РСМ. (14:00)
Скопје - Транспаренси Интернешнл-Македонија ќе го одбележи Меѓународниот ден за борба против корупцијата со конференција на тема „Интегритетот како алатка во борбата против корупцијата“. (х. „Александар палас“ / 11:00; Изјави за медиумите во 10:40)
Скопје - Под мотото „Економија и проекти – сегашност и иднина", Сојузот на стопански комори на Македонија ќе го одбележи Денот на коморите. (ресторан „Парк“ / 15:00; Најавени се изјави на Горан Ѓорѓиевски - претседател на ССКМ, заменик-министерот за економија Марјан Ристески и Лазар Јовевски од Правниот факултет Скопје)
Скопје - Прес конференција на претседателот на СДСМ Венко Филипче. (седиште на СДСМ/10:30)
Скопје - Во рамки на Фестивалот на европски филм „Синедејс“, прес-конференција по повод филмот „Бело се пере на 90“ во режија на Марко Набрешник, во кој „Black cat production“ од Скопје е македонски копродуцент, со присуство на главната актерка Аница Добра и актерката Леа Цок, продуцентот Алеш Павлин и продуцентот од Македонија, Томи Салковски. (Младински културен центар / 10:30)
Скопје - Свечено доделување на наградата „Пегаз“ за 2025 година по конкурсот организиран од „Арс Ламина“ и промоција на победничкиот роман „Кривата Дијана“ од Фросина Пармаковска. (Книжарница „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“ / 19:00)
Скопје - Промоција на книгата „Оние работи: Есеи за женската сексуалност“ од хрватската авторка Јасна Жмак. (Простории на „Netaville“ / 19:30)
___________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***