• петок, 05 јули 2024

МИА Најави МКД (ДПЛ)

МИА Најави МКД (ДПЛ)

5 јули 2024 

Скопје - Собрание на Република Северна Македонија ќе ја одржи 9. седница. (Сала „Македонија“/11:00)

Скопје - Министерката за образование и наука Весна Јаневска и директорката на Државниот испитен центар Билјана Михајловска ќе одржат прес-конференција во врска со полагањето и резултатите од државната матура во учебната 2023-2024 година. (Простории на МОН/10:00)

Скопје - Министерот за здравство Арбен Таравари ќе ја посети Универзитетската клиника за онкологија. (Изјави за медиумите се предвидени во 10:30 на влез на Клиниката).

Скопје – Институтот за демократија организира настан насловен: „Парламент 2024-2028: Нови заложби во борбата против корупцијата“ посветен на улогата на Собранието во зајакнување на борбата против корупцијата. (х. „Солун“/ 11:00)

Охрид – Завршна изложба на трудови од „11-та Меѓународна летна школа за архитектура и дизајн, Охрид 2024“. (х. „Палас“/ 18:00)

Скопје – КРИК фестивал на критичка култура, годинава  насловен „Желбени машини – уметноста како (р)еволуција“,  во организација на Контрапункт, организира проекција на филмот „Екзитус“ (1989) на Красимир Крумов и предавање на бугарскиот филозоф и теоретичар Станимир Панајотов. (КСП Јадро/ 18:30)

-Дводневен семинар предводен од Гералд Рауниг во рамки на КРИК –фестивалот за критичка култура. (КСП Јадро/ 15:00 – 18:00)

Охрид – Отворање на изложбата Антологија 4. (во Куќата на Робевци/ 20:00)

Крушево – Почнува летниот адреналински фестивал When in Krusevo. (Градски парк/ 21:30)

Кратово – Денови за паметење – фестивал Златни денови Кратово 2024.

__________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан