• четврток, 17 јули 2025
МИА Најави - МКД (ДПЛ)

20 јуни 2025 

Истанбул - Министерката за образование и наука Весна Јаневска ќе учествува на 6. Меѓународен самит за образовни технологија 

Крива Паланка - Михалис Рокас, амбасадорот на Европската Унија во Северна Македонија, ќе ја посети општина Крива Паланка. (Општинска зграда на Крива Паланка/ Изјави за медиумите 13:00)

Скопје - Јавни седници по предметот „Онкологија“. (Апелационен суд/ 10:30 и 14:00)

Скопје - Прес-конференција на портпаролот на Владата Марија Митева и доктор Катерина Паниќ-Мирчовска, в.д. директор на Општа болница Кочани. (Медија центар на Влада/12:30)

Скопје - Прес-конференција на пратеникот Сали Мурати од коалицијата „Европски фронт“. (Прес-центар на Собрание/11:00)

Скопје - Македонското здружение на млади правници како партнер на Канцеларијата на УНХЦР во Северна Македонија, организира настан по повод Светскиот ден на бегалците – 20 Јуни. (Europe House – Скопје/од 11:00 до 12:30 часот)

Скопје- Завршен настан на проектот „ЕУ за млади“, финансиран од Европската Унија. (х. „Холидеј Ин“/9:30)

Битола - Панел - работилница на тема „Работникот во фокусот на праведната транзиција“. (х. „Милениум“ / 10:30)

Тетово - Отворена дебата: „Кажи си ја маката“. (Europe House/19:00)

Скопје - Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје организира настан во рамки на кампањата „Едукацијата менува, казната крши“, како дел од глобалното движење „Support. Don’t Punish“.   (1020 Kitchen & Bar Лептокарија/20:00)

Куманово - Фото-кино клуб “Козјак” – Куманово во соработка со основното училиште “Карпош” и Рурал Ума Сто oд Умин Дол ќе одржи филмска ревија во склоп на настан замислен како летно кино на отворено. (Училишно игралиште во Умин Дол /20:00)

Скопје - Промоција на изданието број 111 во вид на вториот албум на импров џез дуото Омерагиќ и Спировски - (слобода) LP. (ГТЦ/16:00)

Прилеп - Мултимедијална изложба на Дарко Талески. (Ликовна галерија, НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп/19:30)

Охрид - Во рамки на Фестивалот BALKAN MUSIC SQUARE концерт ќе одржи мулти-инструменталистот Даниел Јовески и ќе биде отворена Голема изложба на фотографии од Охридското Езеро.

Маврово - Ростуше - Почнува традиционална летна школа организирана од Факултетот за ликовни уметности, УКИМ-Скопје наслов „Мултипликација на пејзажот“. (Лазарополе) 

Скопје - Прес-конференција на ракометниот клуб Вардар 1961. (СЦ „Јане Сандански“/12:00)

_____________________________________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан