• четврток, 05 септември 2024

МИА Најави МКД (ДПЛ)

МИА Најави МКД (ДПЛ)

4 август 2024 

Скопје - Седница на собраниската Комисија за европски прашања. (Сала 4/11:00)

Скопје -  Премиерот Христијан Мицкоски ќе присуствува во ТИРЗ Скопје на одбележување на почеток на инвестиција на германската компанија BMZ Group. (09:30/ изјава за медиумите по настанот)

Скопје - Состанок на Совет за странски инвестиции. (Влада на РСМ/ Кристална сала/ 11:00) 

Белград – Делегација предводена од заменик-претседателот на Владата и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ, а во чиј состав се и заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт и врски Александар Николоски и министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, ќе престојува во работна посета.

Брисел - Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани ќе престојува во работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со: Оливер Вархеји, комесар за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, Стефано Санино, генерален секретар на Европската служба за надворешни работи, Герт Јан Копман, генерален директор на Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување на Унијата (ГД НЕАР), Валентина Суперти, директорка за Западен Балкан во ГД НЕАР, европратеникот Илхан Кјучук и со други претставници на европските институции и Унгарското претседавање со Советот на ЕУ.

Скопје - Прес - конференција на министерот за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити и на в.д. градоначалникот на општина Гостивар, Валбон Лимани. (простории на Министерството за животна средина и просторно планирање, 7 спрат/ 14:00)

Новаци - Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски ќе оствари средба со земјоделци. (во просториите на Општина Новаци/ 11:00 часот /изјава за медиумите пред почетокот на средбата со земјоделците) 

Скопје - Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков и амбасадорката на Кралството Шведска, Ами Ларсон Џеин ќе се обратат на настанот по повод промоцијата на велосипедската рута „Транс Динарика“ која поврзува шест земји од Западен Балкан. (пред х. „Александар Палас“/10:00) 

Скопје – Граѓанскиот ресурсен центар  организира дебата насловена „Зајакнување на соработката меѓу Владата и граѓанското општество. (во просториите на Граѓанскиот ресурсен центар/ 10:00)

Скопје – Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ (ИДСЦС)  организира настан насловен: „Прогресот на Северна Македонија во Берлинскиот процес – Презентација на акциски планови за Заеднички регионален пазар и Зелена агенда“. (Собрание на РСМ, сала „Борис Трајковски“/10:30, изјави за медиумите  од 10:30 до 10:45)

Скопје – Сојузот на стопански комори на Македонија организира настан на потпишување Меморандум за соработка помеѓу ССКМ и Здружение Македонски Дестилерии – Кавадарци. (во просториите на Сојуз на стопански комори на Македонија, ул. „Црвена Скопска Општина“ бр. 10/ 12:00)

Скопје – Прво издание на „АЈДЕ ФЕСТИВАЛ“ во Скопје. (во паркот „Васко Карангелески“ во општина Аеродром/ 18:00)

Скопје – Промоција на романот „Деца“ на авторката Милена Марковиќ од Белград. (МКЦ, во бифето/ 20:00)

Скопје – Концерт по повод Меѓународниот ден на семејството. (пред плато „Тинекс“ во реонскиот парк во Ѓорче Петров/ 18:00)

Скопје – Меѓународен пинг понг натпревар World Table Tennis (WTT) Youth Star Contender Skopje 2024. (Спортски центар „Јане Сандански“/ 9:30 – 19:00)

Струга – Изложба на Владимир Младеноски. (НУ Центар за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга, фоаје/ 19:30)

__________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан