• четврток, 23 мај 2024
МИА Најави - МКД (ДПЛ)

17 април 2024 

Старо Нагоричане/Кратово/Пробиштип - Дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев ќе оствари работни средби со раководствата на Полициската канцеларија Старо Нагоричане и Одделенијата за внатрешни работи во Кратово и Пробиштип. (Изјава за медиумите во 11:20 часот пред влезот на ОВР Пробиштип)

Скопје - Прес-конференција на министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска. (Министерство за култура /10:00)

Скопје - Европската Унија и Советот на Европа организираат тематска дискусија „Поддршка за новинарскиот интегритет: Заштита на новинар(к)ите и медиумските актери во Северна Македонија“. (х.„Александар Палас“/10:30)

Велес - Делегацијата на Европската Унија и Јуроп Хаус ќе одржат дискусија насловена „Дигитални јамки и замки“. (Јуроп Хаус/11:30)

Скопје - Тркалезна маса посветена на фриленсерството во Северна Македонија, организирана во рамки на проектот „Проширување на можностите за претприемништво на младите и економско зајакнување на жените“, поддржан од Амбасадата на САД. (х.„Парк резиденс“/12:30)

Скопје - Регионален настан „Дијалог помеѓу засегнати страни за намалување на емисиите на јаглерод во земјоделството“ во организација на АгФутура Технологии. (х.„Холидеј ин“/10:00)

Скопје - Град Скопје ќе одржи прес-конференција. (Простории на Град Скопје/14:30)

Скопје - Прес-конференција на претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, и претседателот на СГИП, Иван Пешевски. (Пред дирекција ЈП Национални шуми, кај Европски факултет/11:00)

Скопје - Прес-конференција на Конфедерација на синдикалните организации на Македонија КСОМ. (Канцеларии на КСОМ, спроти Истгејт, кај Комунална хигиена/11:00)

Скопје - Прес-конференција на Независниот синдикат на ЈЗУ Геријатрија и палијантивна медицина „13 Ноември“. (Двор на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатрија и палијантивна медицина „13 Ноември" /10:00)

Скопје - Студиски ден на Институтот за национална историја, на тема „Просветната дејност на медресите и манастирските школи во Македонија (XIV-XVII век): компаративни анализи“. (Институт за национална историја, голема сала/12:00) 

Скопје - Отворен ден на МИТ Универзитетот. (Простории на МИТ Универзитетот/12:00)

Скопје - Прес-конференција по повод премиерата на претставата „Хеда Габлер“. (Драмски театар/11:00)

Скопје - Прес-конференција на која ќе биде презентиран проектот „Хепи Хипо Шоу – За кохезивно и инклузивно општество“ кој се реализира од Здружението на граѓани Театар „Боеми“ во општините Кисела Вода, Гази Баба и Куманово (Пред Домот на културата „Билјана Беличанец“ во Општина Кисела Вода/11:45) и изведба на претставата - Форум театар (12:00)

Скопје - „Неименувана“ - изложба на современи бајки за македонски хероини. (КСП Центар Јадро/19:00)

 

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024 

Скопје - Претставници на подносителите на листи за кандидати за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија ќе потпишат Кодекс за фер и демократски парламентрани избори. (Собрание на Република Северна Македонија, кристална сала/12:00, изјави за медиумите/12:45)

Дебар/Ростуше/Гостивар - Kандидатот за претседател Стево Пендаровски ќе ги посети општините Дебар (ресторан „Урнику“/17:00), Ростуше (Дом на култура во Ростуше/18:30) и ќе се обрати на митингот во Гостивар. (Градски плоштад/20:00)

Чашка/Свети Николе/Велес - Кандидатката за претседател на државата поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова, ќе ја презентира програмата пред граѓаните во Чашка (17:30), Свети Николе, (18:30) и Велес (20:30)

Скопје - Кандидатот за претседател на Движењето ЗНАМ - За наша Македонија, Максим Димитриевски, ќе одржи средби со граѓани во Чучер-Сандево (Центар на с.Кучевиште/17:30), Бутел (Штаб на Движење ЗНАМ - За наша Македонија, Live stream fb Maksim Dimitrievski/19:10), Чаир (19:45) и во Гази Баба (с.Јурумлери/ 20:30)

Скопје - Кандидатот за претседател на државата од Европскиот фронт Бујар Османи ќе одржи дискусија на тема „Северна Македонија коспонзор на резолуцијата на ОН за сеќвање на жртвите од геноцидот во Сребреница“. (Седиште на Босанската демократска лига (БДЛ), ул. „Македонија“, на Рекорд, кај автобуската/11:00)

Скопје - Прес-конференција на кандидатот за претседател на државата од Коалицијата „Вреди“, Арбен Таравари. (Пред Гинекологија Чаир/11:00)

Липково - Кандидатот за претседател на државата од коалицијата „Вреди“ Арбен Таравари ќе ја презентира програмата пред граѓаните во Општина Липково. (Спортска сала на с.Отља /20:30)

Скопје/Струга/Охрид/Битола - Кандидатот за претседател на државата од ГРОМ и коалиција „Храбро за Македонија“ Стевчо Јакимовски ќе има средба со пензионери на Тафталиџе (Ланџ бар „Бис“ / 10:00), средби со граѓани во Струга (14:00), Охрид (15:30) и во Битола (18:00). По средбите се предвидени изјави за медиуми на плоштадите во секој град.

__________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 

Остани поврзан