• сабота, 11 мај 2024

МИА Најави-свет

МИА Најави-свет

5 Март 2024

Стразбур – Годишен извештај на Платформата на Советот на Европа за унапредување на заштитата на новинарството и безбедноста на новинарите.

Брисел – Европската комисија треба да го усвои предлогот за Европската стратегија за одбранбената индустрија и Европската програма за инвестиции во одбраната.

Анкара – Претседателот на палестинската управа Махмуд Абас во официјална посета на Турција.

Џеда (Саудиска Арабија) – Состанок на Организацијата за исламска соработка за војната во Појасот Газа.

Москва – Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ќе зборува на форумот за соработка меѓу Русија и муслиманските земји.

Брисел – Прес-конференција на меѓународната невладина организација Репортери без граници за лансирање на сателитски систем за информирање на населението во Русија.

Париз – Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок во посета на Франција.

Прага – Францускиот претседател Емануел Макрон во посета на Чешка.

Обединети Нации – Состанок на Советот за безбедност на ОН за Јужен Судан.

Пекинг – Продолжение на Втората годишна сесија на 14. Кинеско национално народно собрание.

Остани поврзан