• сабота, 21 декември 2024

МИА Најави – МКД

МИА Најави – МКД
8 септември 2021 Скопје – Претседателот Стево Пендаровски по повод Денот на независноста, со орден „8 Септември“ ќе ги одликува Стојан Андов, прв претседател на првото повеќепартиско собрание, како и пратениците во Собранието на Република Македонија во мандатниот период од 1990 до 1994 година. (Кабинет на Претседателот/ 12:00, новинарските екипи да пристигнат во кабинетот/ 11:30; Полагање цвеќе на вечните почивалишта на претседателите Киро Глигоров и Борис Трајковски на градските гробишта „Бутел“/ 8:00; Централна прослава по повод Денот на независноста, на која е предвидено обраќање на претседателот Пендаровски/ 18:00) Скопје – Централна манифестација по повод Денот на независноста – 8 Септември. (пред Собранието на Република Северна Македонија. Воведен дел /17:00-17:35; Дефиле на независноста /17:35-18:30; Официјален дел - обраќање на Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски; Обраќање на претседателот на Собранието Талат Џафери (видео обраќање), Обраќање на претседателот на Владата Зоран Заев/ 18:30-19:30) и музички дел/19:30-20:20) Виена – Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат  Џафери учествува на Петтата светска конференција на претседатели на парламенти и Првиот парламентарен самит за борба против тероризмот во Виена. Скопје – Собраниска делегација предводена од потпретседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Горан Мисовски, составена од пратеничките Снежана Калеска-Ванчева и Велика Стојкова-Серафимовска по повод 8 Септември – Денот на независноста ќе положи венци цвеќе на вечните почивалишта на поранешните претседатели Киро Глигоров и Борис Трајковски. (на градските гробишта „Бутел“/ 8:00) Скопје – Премиерот Зоран Заев придружуван од владина делегација, по повод 8 Септември - Денот на независноста на гробиштата „Бутел“, ќе положи цвеќе на вечните почивалишта на поранешните претседатели на државата Борис Трајковски и Киро Глигоров. (8:00) Стразбур – Министерот за правда Бојан Маричиќ во неколкудневна работна посета на Стразбур. Скопје – Прес-конференција на градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов по повод одржувањето на Фестивалот на светлината - Skopje Light Art District. (на плочникот веднаш позади Соборниот храм/ 10:30) Скопје – Почнува Саемот на книгата 2021. (на отворено, непосредно до Аква паркот, А1 Арена – СЦ „Борис Трајковски“/ 10:00) Маврово – Втора хронометар велосипедска трка Halk Velo Green. (стартот на трката е од  х. „Спорт“ до Леуново и назад/ 9:30) ______________________________________________________________________________ МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини

Остани поврзан