• недела, 19 мај 2024
МИА Најави – МКД
19 ноември 2021  Скопје - Претседателот на Република Полска Анджеј Дуда во официјална посета на Република Северна Македонија: - Официјална церемонија на пречек со највисоки државни и воени почести на  претседателот Анджеј Дуда. (На платото пред Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски/10:30/новинарските екипи да пристигнат најдоцна до 9:40) - Тет-а-тет средба на претседателот Стево Пендаровски со претседателот Анджеј Дуда. (10:50) - Пленарен состанок на делегациите на Република Северна Македонија и на Република Полска. (11:10) - Заедничка прес-конференција на претседателот Стево Пендаровски и претседателот Анджеј Дуда. (Мозаик сала во Кабинетот на претседателот Пендаровски/12:10) - Претседателот Стево Пендаровски и претседателот Анджеј Дуда ќе положат цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“. (12:50, снимателите и фоторепортерите да пристигнат во 12:30) - Обраќање на претседателот Стево Пендаровски и на претседателот Анджеј Дуда на отворањето на полско-македонскиот деловен форум. (х. „Мериот“/ 13:15, медиумите да пристигнат во 12:30) Скопје - Претседателот на Полска Анджеј Дуда во официјална посета на Парламентот и средба со претседателот на Собранието, Талат Џафери. (Сала „Длаборез“/15:20-15:50) Скопје - Средба на претседателот на Собранието Талат Џафери со Томас Гербер, директорот на ДКАФ - Женевски центар за управување со безбедносниот сектор. (Собрание, сала „Длаборез“/9:30) Скопје - Потпишување Меморандум за разбирање меѓу ДКАФ и Собранието за партнерство во спроведувањето на „Програмата за реформи во секторот за безбедност и разузнавање во Република Северна Македонија“ (2021 - 2026). (Собрание, стар кабинет/10:00) Мадрид – Вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров ќе биде говорник на тркалезна маса посветена на политиката на проширување на ЕУ. (9:45) Скопје - Министерката за одбрана Радмила Шекеринска ќе присуствува и ќе се обрати на свеченоста за промоција на нови 70 подофицери. (Касарна „Илинден“/11:00) Скопје - Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска ќе присуствува на отворањето на Центарот за поддршка на социјални претпријатија и на првиот Национален саем за социјални претпријатија. (булевар „Македонија“ бб, зад Спомен-куќата на Мајка Тереза/10:30) Скопје - По повод манифестацијата „Деновите на албанската азбука“, Министерствотоза политички систем и односи меѓу заедниците и Институтот за духовно и културно наследство на Албанците го организираат настанот „Антон Ник Бериша, истражувач на литературата на Арберешите во Италија“. (Министерство за политички систем и односи помеѓу заедниците, шести кат/10:00) Скопје - Стопанската комора на Северна Македонија организира завршен настан на проектот „Зголемување на извозната конкурентност на металопреработувачкиот сектор, електро и машинскиот сектор преку подобрување на производните и технолошките способности на извозно ориентираните мали и средни претпријатија“. (Простории на Стопанска комора, сала 4 на петти кат/12:00) Скопје – Прес-конференција на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на која директорот Зоран Трајчевски ќе ги отвори „Деновите на медиумска писменост 2021 година“. (во просториите на Агенцијата, осми кат/ 12:00) Штип – Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип организира предавање на тема: „За смислата на човековото постоење“ (апоптаза, хомеостаза, матурација и закон на посилниот). (Правен факултет, Свечена сала/ 12:00) Скопје – Одбележување на 70-годишниот јубилеј од формирањето на Ботаничката градина при ПМФ - Скопје. (ПМФ, ул. „Архимедова“ 5/ 12:00, изјави за медиумите/11:30) Скопје – Прес-конференција на тема „20 години Реплек Фарм – 20 години австриски капитал“. (во дирекцијата на Реплек Фарм, на ул. „Козле“ бр. 188/ 10:30) Скопје – Деветта годишна меѓународна конференција на Здружението на преведувачи и толкувачи на тема: „ИСО Стандарди за превод и толкување – Опција или обврска?“. (платфорам „Зум“/14:00) Скопје - Прес-конференција за изведбата на операта „Дрдорењата на Лапо“ од Џо Скитино, по повод 700 години од смртта на Данте Алигиери. (Фоаје на Национална опера и балет/10:30) Скопје – Изведба на операта „Дрдорењата на Лапо“ од Џо Скитино. (Национална опера и балет/ 20:00) Прилеп – Отворање на изложбата „Suzanne“ од уметницата Ивана Мојсовска. (НУКЦ „Марко Цепенков“/ 19:00) ___________________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Тагови

Остани поврзан